Свет
Американската војска случајно испратила милиони имејлови до земја која е руски сојузник

Милиони американска воена електронска пошта по грешка била испратена до рускиот сојузник Мали.
Некои од имејловите наводно содржеле чувствителни информации, како лозинки, медицински досиеја и планови за патување на високи офицери, пишува Би-би-си.
Пентагон потврди дека презел чекори за решавање на проблемот.
Според „Фајненшл тајмс“, кој прв ја објави приказната, холандскиот претприемач Јоханес Зурбиер го идентификувал проблемот пред повеќе од 10 години.
Тој е под договор од 2013 година за управување со доменот на владата на Мали, а во последните месеци наводно собрал десетици илјади погрешно насочени имејлови.
Ниту една од пораките не била означена како доверлива, но новинарите рекле дека спорните пораки вклучуваат медицински досиеја, мапи на американски воени објекти, финансиски записи и официјални планови за патување, како и некои дипломатски пораки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Долгиот прекин на струјата во Шпанија и Португлија предизвика хаос

Сообраќаен хаос низ Шпанија и Португалија предизвика долгиот прекин на електричната енергија. Прекинот на струја зафати големи области од овие две држави, а меѓу погодените градови се Барселона, Лисабон, Мадрид, Порто и Севиља. Делови од Баскија исто така накратко беа погодени од прекинот.
Хаос има на метри станиците, улиците, аеродромите, семафорите се исклучени. Оневозможена е интернет и мобилната мрежа, банкоматите за плаќања, лифтовите се заглавени. Не се во функција ниту полначите за електрични возила и бензинските пумпи.
Градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида ги повика граѓаните да останат таму каде што се и да го намалат движењето на апсолутен минимум.
„Ги замолувам сите жители на Мадрид да излегуваат што е можно помалку и, ако воопшто е можно, да останат таму каде што се во моментов. Сакаме да ги задржиме сите патишта слободни“, рече Мартинез-Алмеида во видео пораката објавена на социјалните мрежи.
Говорејќи од интегрираниот центар за вонредни ситуации во Мадрид, тој рече дека покрај исклучувањето на семафорите, морале да ги затворат и тунелите на некои автопати.
Мрежите на мобилната телефонија исто така беа погодени.
Новинарите на АФП од Мадрид и Барселона известија дека луѓето излегле на улиците, држејќи ги мобилните телефони високо во воздухот за да се обидат да фатат сигнал.
Според агенцијата, многумина ги следеле вестите преку радио, а не преку мобилни уреди.
Се појави и видео од жичница во Билбао, Шпанија, каде луѓето морале да слезат и да продолжат пеш.
Gente bajando a pie del funicular de Artxanda en Bilbao#apagon pic.twitter.com/PthoY01CNq
— Javi Regalado (@djobi71) April 28, 2025
Португалската авиокомпанија ТАП Ер Португалија ги предупреди патниците да не се упатуваат кон аеродромите до понатамошно известување.
Во соопштението објавено на својата Фејсбук страница, ТАП наведува дека некои летови не се одвиваат според распоредот и бара од патниците да чекаат нови информации.
Пристигнуваат бројни извештаи дека многу граѓани на Шпанија и Португалија останале без вода.
Неколку луѓе изјавија за „Скај њуз“ дека забележале панично купување вода и други потреби во супермаркетите во Лисабон.
Свет
Белата куќа: Трамп сака трајно, а не привремено примирје

Американскиот претседател, Доналд Трамп, јасно стави до знаење дека сака трајно примирје во Украина, а не привремен прекин на непријателствата, изјави портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Таа зборуваше откако рускиот претседател Владимир Путин објави тридневно примирје од 8 до 11 мај, по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
„Претседателот сака да види трајно примирје што ќе ги запре убиствата и крвопролевањето“, рече Левит.
Таа додаде дека Трамп останува оптимист за можноста за постигнување договор, но дека е сè повеќе фрустриран од лидерите на двете страни, кои, како што рече, мора да седнат на маса и да преговараат за излез од конфликтот.
Левит, исто така, нагласи дека недамнешната средба меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во базиликата Свети Петар покажала дека Трамп сака повторно да биде претседател кој носи мир, како што беше во неговиот прв мандат.
Свет
Пристигна првата реакција на Украина на најавата на Путин за тридневно примирје

Украина реагираше на предлогот на Русија за тридневно примирје следниот месец.
Министерот за надворешни работи Андриј Сибиха на платформата „Икс“ порача дека ако Русија навистина сака мир, борбите треба веднаш да престанат.
„Зошто да чекате до 8 мај? Ако огнот може да престане сега и да продолжи без прекин најмалку 30 дена, тоа би покажало дека примирјето е реално, а не само заради парада“, напиша Сибиха.
Тој додаде дека Украина е подготвена да поддржи траен, стабилен и целосен прекин на огнот, кој, како што нагласи, постојано го предлага.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно објави таканаречен хуманитарен прекин на огнот од 8 мај до полноќ на 11 мај по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна, соопшти Кремљ.