Свет
Американската пошта предупредува на ризик од дописното гласање
Американската пошта предупреди одделни сојузни држави, во пресрет на претседателските избори во ноември, дека и` е потребно повеќе време.
Во пресрет на претседателските избори во ноември на кои половина американски гласачи би можеле да гласаат преку пошта поради пандемијата на коронавирус, Американската пошта предупредила неколку сојузни држави дека би требало да обезбеди време за пребројување на тие гласови, пишува Ројтерс.
Американската пошта предупреди најмалку три сојузни држави – Мичиген, Пенсилванија и Вашингтон, дека постои значаен ризик гласачите да немаат доволно време да ги пополнат своите листи и да ги вратат на време по сегашните државни прописи, кои им овозможуваат да побараат листи само неколку дена пред изборите.
Постои можност значаен број дописни гласови на изборите на 3 ноември, да остане неизбројан ако стигнат предоцна, се наведува во предупредувачкото писмо.
„Државните и локалните претставници мораат да сфатат и да ги земат во предвид нашите оперативни стандарди и препорачаните временски рокови“ рекла портпаролката на Американската пошта, Марта Џонсон. Не кажала колку држави добиле писмо со предупредување.
Претседатеелот Доналд Трамп рече дека е против финансиска помош на поштата или дописното гласање во рамки на економскиот пакет помош поради коронавирусот. Трамп е против дописното гласање во широки размеруи сметајќи дека тоа би довело до измами.
Изборните експерти пак тврдат дека дописното гласање е еднакво безбедно како и кок било друг метод.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.