Свет
Американскиот министер Остин: Можеме да ги поддржиме и Украина и Израел, ние сме најсилни во светот

Соединетите Американски Држави се способни истовремено да ја поддржат Украина во војната против Русија и Израел по бруталниот напад на Хамас, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.
„Можеме да ги направиме и двете и ќе ги направиме и двете. Ние сме најсилната нација во светот“, рече Остин денеска во Брисел, во седиштето на НАТО.
„САД почнаа да му даваат на Израел воена помош, вклучително и клучна муниција, и ќе обезбедат повеќе пресретнувачи за израелскиот одбранбен систем „Железна купола“, додаде американскиот министер. Вашингтон, според него, исто така испрати војници во регионот и е подготвен да распореди дополнителни ресурси.
„За која било земја, за која било организација, за секој што размислува да се обиде да ја искористи агонијата во Израел за да го прошири овој конфликт или да пролее повеќе крв, имаме само еден збор: Немојте! Ние ќе продолжиме да се грижиме Израел да го добие она што го заслужува а неопходно е да се заштити себеси и своите граѓани“, заклучи Остин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Ердоган: Турција ги поздравува напорите на САД за мир во регионот

Турција ги поздравува напорите на Соединетите Американски Држави за постигнување мир во регионот, но Израел мора да ги запре нападите за овие напори да бидат успешни, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти неговиот кабинет.
Во соопштението се наведува дека Трамп и Ердоган разговарале за билатералните односи, за време на повикот што го побарала американската страна, и се додава дека турскиот претседател ја нагласил важноста од преземање чекори за зајакнување на соработката меѓу двете земји, особено во одбранбената индустрија, пренесува Ројтерс. Ердоган, исто така, рекол дека нивната средба во Белата куќа минатиот месец ги зајакнала врските меѓу двете земји.
Во соопштението се наведува дека за време на разговорот за ситуацијата во Газа, Ердоган му рекол на Трамп дека Турција работи напорно за постигнување регионален мир и дека ги поздравува иницијативите насочени кон таа цел.
„Ердоган нагласи дека Турција ги зголемила своите дипломатски контакти заради мирот, дека ќе продолжи да ја поддржува визијата за глобален мир и дека запирањето на нападите од страна на Израел е важно за успехот на иницијативите насочени кон постигнување мир во регионот“, се вели во соопштението.
Турција, која ги нарече нападите на Израел врз Газа геноцид и ги суспендираше сите трговски односи со Израел, изрази поддршка за најновиот план на Трамп за ставање крај на војната во Газа.
Фото: принтскрин
Свет
Путин: Доста се шегувавме за дроновите, ветувам, нема повторно да ги испраќаме во Данска

Во Сочи, рускиот претседател Владимир Путин коментираше за сомнителните дронови што летаа над воздушниот простор на НАТО.
Кога презентерот на форумот во Сочи го праша дали ги испратил дроновите во Данска, Путин одговори:
„Добро, повеќе нема да го правам тоа. Нема да испраќам дронови во Данска, ниту во Франција, ниту во Лисабон“, рече рускиот лидер.
Тој ја спореди паниката предизвикана од дроновите во Европа со НЛО и рече дека „тоа е апсурдно“.
„Знаете, мислам дека доста се шегувавме за дронови. Ветувам, нема повторно да ги испраќаме во Данска, не сакаме да го уништиме вашиот прекрасен пејзаж, или…“ рече Путин.
Тој тврди дека дроновите биле испратени од Французите за да го одвлечат вниманието на јавноста од домашните политички проблеми.
„А НАТО го користи ова за ширење паника и создавање тензии, што само го зголемува ризикот од конфликт“, заклучи Путин.
Фото: принтскрин
Свет
Меркел со критики: Макрон не беше најдобриот избор

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека за време на одбележувањето на 35-годишнината од повторното обединување на Германија, требало да биде поканет „некој од Источна Европа“ наместо францускиот претседател Емануел Макрон.
Како што објавија западните медиуми, Меркел нагласи дека немала забелешки на говорот на сегашниот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Бундесратот Анке Релингер на церемонијата. Сепак, таа додаде дека би претпочитала некој поблизок до искуството од Источна Германија или Источна Европа да биде избран за говорник.
„Колку и да го почитувам претседателот Макрон, можеби некој од Источна Европа или Источна Германија можеше да биде избран за гостин-говорник“, рече поранешната канцеларка.
Според медиумите, зад ваквите зборови стои и политичка порака – бидејќи Меркел беше во Будимпешта неколку дена пред прославата, каде што се сретна со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Токму тој се споменува како лицето на кое Меркел се осврнала кога зборувала за „некој од Источна Европа“.
Фото: принтскрин