Свет
Американски медиуми: Сомнителните пакети во САД би можеле да бидат руска операција
За помалку од 48 часа американските мејнстрим-медиуми го обвинија претседателот Доналд Трамп за серијата сомнителни пакети испратени до водечките демократи и Си-ен-ен и секако Русија, објави „Раша тудеј“.
Американските власти сè уште трагаат по лицето или лицата одговорни за десет пакети со сомнителен експлозив, од кои ниту еден не експлодира. Најпрвин сомнителен пакет стигна на адресата на милијардерот Џорџ Сорос, а вчера и во ресторанот на актерот Роберт де Ниро.
Во синоќешната емисија Meet the Press Daily show на МСНБЦ, домаќинот Чак Тод и неговите гости го обвинуваа претседателот Трамп за неговата, како што ја нарекоа, заробена реторика против печатот.
„Се плашам дека би можело да се работи за руска операција“, рекол Тод објаснувајќи ги своите причини со тоа дека токму руското влијание прави поделба меѓу нив.
Тод не е првиот непријател на Трамп кој го вперил прстот кон Русија, пренесува РТ. Како што се наведува, опсесијата со Русија почна во 2016 година со изборите во САД кога демократката Хилари Клинтон се обиде да го дискредитира својот ривал Доналд Трамп обвинувајќи го дека има врски со Кремљ, тврдења базирани на несериозно досие составено од британски шпион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар пресретна ирански ракети и беспилотни летала
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека воздухопловните сили и системите за противвоздушна одбрана денеска пресретнале ракети и беспилотни летала лансирани од Иран, додавајќи дека нема жртви.
Иран лансираше ракети и дронови насочени и кон Израел и кон американските воени објекти во Бахреин, Кувајт и Катар, како одговор на американските и израелските напади.
Американската војска не извести за американски жртви и пријави минимална штета во своите бази.
Свет
Северна Кореја ги осуди нападите врз Иран: „Нелегална агресија“
Северна Кореја ги осуди израелските напади и американската воена операција против Иран, нарекувајќи ги „нелегална агресија“ и кршење на националниот суверенитет, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на државната агенција КЦНА.
Портпаролот на севернокорејското Министерство за надворешни работи изјавил дека американската операција била очекувана и ја оценил како неизбежен исход поради, како што навел, хегемонистичката и гангстерска природа на САД. Во соопштението се наведува дека агресорската војна на САД и Израел е неприфатлива во какви било околности.
Пјонгјанг повика регионалните земји и другите заинтересирани страни да преземат одговорност за воспоставување мир и стабилност на Блискиот Исток.
Израелската војска претходно објави дека почнала опсежни напади врз центарот на Техеран, по операцијата во која беше убиен иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи.
Фото: Depositphotos
Свет
Путин со сочувство до Иран, нападите ги нарече цинично кршење на меѓународното право
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изрази длабоко сочувство до иранскиот претседател Масуд Пезешкијан по повод убиството на врховниот лидер Али Хамнеи и членовите на неговото семејство, соопшти Кремљ.
„Ве молам примете го моето најдлабоко сочувство по повод атентатот врз врховниот лидер на Исламската Република Иран, Сејед Али Хамнеи, и членовите на неговото семејство, извршен во цинично кршење на сите норми на човечкиот морал и меѓународното право“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата РИА Новости.
Хамнеи беше убиен во саботата наутро во нападите што ги извршија Израел и Соединетите Американски Држави, потврди утрово иранската влада, а пренесоа иранските државни медиуми.
Во саботата САД и Израел започнаа серија удари врз ирански цели, вклучително и во Техеран, при што беше предизвикана материјална штета и цивилни жртви. Потоа Иран возврати со ракетни напади врз израелска територија и врз американски воени објекти на Блискиот Исток.

