Свет
Американски судија укина федерална забрана за продажба на оружје на помлади од 21 година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/оружје-САД.jpg)
Федерален судија во Вирџинија ги укина федералните закони што ја блокираа продажбата на оружје на купувачи помлади од 21 година пресудувајќи дека со нив се крши уставното право за поседување огнено оружје, пренесува „Њујорк тајмс“.
Одлуката, што Министерството за правда се очекува да ја оспори, нема да стапи во сила сè додека судијата Роберт Пејн од Окружниот суд на САД за Источниот округ Вирџинија, кој беше назначен од претседателот Џорџ Х. В. Буш, не ја објави својата конечна наредба во наредните недели.
Одлуката нема да влијае на 19-те држави, кои имаат свои закони со кои се забранува продажба на оружје на лица помлади од 21 година.
Одлуката на Пејн доаѓа по значителното проширување на правата за носење и поседување оружје од страна на Врховниот суд минатата година, на кое судијата честопати се повикуваше во својата пресуда донесена во средата.
„Бидејќи предметните статути и прописи не се во согласност со историјата и традицијата на нашата нација, тие, според тоа, не се одржливи“, напиша Пејн во својата одлука.
Адвокатите што го застапуваат Министерството за правда во случајот не одговорија веднаш на барањето за коментар.
Елиот Хардинг, адвокатот на четворицата тужители, кои се на возраст од 18 до 20 години и сакаа да купат оружје, рече дека е задоволен од одлуката.
„Одлуката гарантира дека идните купувачи сега може да купат огнено оружје во федералниот систем, кој вклучува темелни проверки и исполнување други услови, но очекуваме дека државата ќе се жали. Сепак, остануваме оптимисти дека одлуката ќе биде потврдена во догледно време“, рече Хардинг.
Правото за поседување и носење оружје, омилено кај многу Американци и ветено од основачите на нацијата во 18 век, е спорно прашање во нацијата со високо ниво на насилство од огнено оружје, вклучително и многубројни масовни пукања.
Според Архивата за вооружено насилство, досега годинава се забележани најмалку 210 масовни пукања, што е најмногу за овој период од годината од 2016 година наваму. Непрофитната група го дефинира масовното пукање како вооружен инцидент во кој четири или повеќе лица се ранети или убиени не вклучувајќи го и стрелецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) „Пустинскиот ѓавол“ ја погоди Флорида
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/pustinski-gavol.jpg)
Над југозападна Флорида се формира помал „Пустински ѓавол“. Овој виор од прашина, налик на торнадо, помина над индустриската зона, но не предизвика материјална штета.
Пустинскиот ѓавол е вид на локален атмосферски вител.
Се формира главно во текот на попладневните часови, односно во најтоплиот дел од денот.
Impressive Southwest Florida dust devil today in Fort Myers. Check out both the size and rotation as it went through an industrial section along Hanson St. They form on sunny days from pockets of warm, rising air as the updraft starts to swirl. Credit: @WINKNews viewer Theodore S… pic.twitter.com/MmCedPbZiN
— Matt Devitt (@MattDevittWX) April 25, 2024
Најмногу се формира за време на сончеви денови со слаб ветер, кога има интензивно загревање на подлогата, што доведува до загревање на воздухот до подлогата и потоа доаѓа до нагло издигнување на воздухот.
Тие се формираат над голо и суво, или над земја со ниска вегетација, бидејќи таквите типови на земјиште се загреваат побрзо и значително повеќе. Ова е причината зошто вртлозите на прашина се формираат почесто и достигнуваат поголем интензитет во региони со сува и топла клима, како што се пустините, па оттука и името пустински ѓавол.
Во нив, воздухот се крева од основата и се движи околу вертикалната оска – се врти. Овие виори обично се краткотрајни и не предизвикуваат голема штета. Нивниот дијаметар и висина може да биде од околу еден метар до неколку десетици метри. Тие вртат прашина, песок, лисја и полесни предмети. Понекогаш пустинските ѓаволи можат да бидат поинтензивни и да направат помала штета.
Иако пустинскиот ѓавол визуелно наликува на торнадо, бидејќи има и виорно движење и видлива инка создадена од подигната прашина и песок, виорите се значително послаби по интензитет и пократко времетраење од торнадата, а нивното формирање не е поврзано со облаците, туку започнува од земјата при сончево време, додека торнадата се спуштаат кон земјата од основата на олујните облаци.
Европа
(Видео) Дрон сними ајкула во близина на плажа, капачите веднаш излегле од водата: паника во Шпанија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ajkula-spanija.jpg)
Ново воочување на ајкула доведе до затворање на уште две плажи во Шпанија, додека предатори се забележани кај брегот на Гран Канарија.
Спасувачите им наредиле на капачите да излезат од водата на плажата Меленара на источниот брег на островот, втор ден по ред, кога полициски дрон забележал ајкула на плажата кратко откако таа повторно била отворена вчераутро.
Забраната за пливање е проширена и на соседната плажа Салинетас, пишува „Дејли мејл“.
И околу два часа подоцна, спасувачите подигнаа црвено знаме на трета локација – плажата Сан Аугустин на југот на островот – откако турист ја фотографираше перката на ајкула која излегува од водата.
Веднаш не беше јасно дали големата риба е истата што ги исплаши капачите на плажата Меленара во саботата околу 17 часот и доведе до првото затворање на плажата.
Вчера наутро накратко беше отворен за пливање, пред второто затворање околу 13 часот, откако дронови на локалната полиција забележаа ајкула во близина на пристаништето Талиарте до плажата Меленара.
Локалната полиција потврди по второто, многу појасно видување преку дронот, во истата област вчера околу 17 часот дека се работи за ајкула чекан, истиот вид што предизвика паника во саботата кога се појави во близина на брегот.
Тие можат да бидат долги и до шест метри.
Свет
Украина: Беспилотни летала со камикази нападнаа воени објекти во три руски региони
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/дф.jpg)
Украина користела беспилотни летала камикази за да нападне воени објекти во три региони на Русија, јавува украинската агенција Униан, повикувајќи се на извор од Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина.
Според агенцијата, нападите биле извршени во регионите Белгород, Воронеж и Липецк.
Се додава дека една од целите бил металуршкиот комплекс Новолипек и локалната тракторска фабрика.