Контакт

Свет

Американското FBI немало пристап до серверите во кои упаднале руските хакери

Објавено пред

Федералното биро за истраги (FBI) немало пристап до серверите на Демократската партија кои во кампањата за ноемвриските претседателски избори беа подложени на хакерски напади за кои американското разузнавање и администрацијата на претседателот во заминување Барак Обама ги обвинува руските челници, изјави директорот на Бирот, Џејмс Коми на сослушувањето пред комитетот за разузнавање на Сенатот.

dobivaj vesti na viber

„Ние секогаш претпочитавме да имаме директен пристап самите, кога тоа е возможно“, изјави Џејмс Коми. Но во конкретниот случај работата „им беше доверена на реномирани приватни компании“, истакна пред членовите на сенатската комисија.

„Немавме пристап. Многу ги уважуваме приватните компании кои имаа пристап и тие го споделија со нас, она што го виделе“, заклучи Коми на сослушувањето во Сенатот.

Директорот на FBI потврди и дека не знае зошто тоа се случило така. Според Коми, неговото биро поднело „многубројни прашања“ за пристап до серверите.

Џејмс Коми, инаку, беше жестоко критикуван од демократската кандидатка Хилари Клинтон дека влијаел врз исходот од изборите со одлуката десет дена пред изборите повторно да ја отвори истрагата за користењето на нејзината електронска пошта додека била државна секретарка, иако неколку дена подоцна објави дека нема нови заклучоци освен оние кои ја ослободуваат од одговорноста.

Американските агенции CIA, NSA и FBI објавија во саботата дека „со голема сигурност“ процениле дека лично рускиот претседател Владимир Путин сакал да влијае врз американските претседателски извори. Според нив, наводно руските воени разузнавачи од ГРУ, информациите добиени со хакирањето на Националниот комитет на Демократската партија (DNC) ги рашириле преку интернет, а кои покажаа дека раководството на партијата имала валкана стратегија против кампањата на сенаторот Берни Сандерс во предизборите во полза на Хилари Клинтон, како и компромитирачките мејлови на шефот на кампањата н Клинтон, Џон Подеста во кои се гледаат неговите деловни интереси, контакти со влијателни новинари и стратегиите во кампањата./крај/мф/сн

Свет

Трамп објави фотографија на која пишува дека е претседател на Венецуела

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, тврдејќи дека е 45-ти и 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, како и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Соединетите Американски Држави започнаа воена операција во Венецуела на 3 јануари, при што ги заробија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за да им се суди пред суд во Њујорк по обвиненија за дрога и оружје.

Трамп изјави дека неговата администрација ќе управува со Венецуела и нејзините нафтени ресурси за време на преодниот период. Откако Мадуро беше уапсен, неговата потпретседателка Делси Родригез положи заклетва како привремена претседателка.

Трамп претходно предупреди дека Родригез би можела да „плати многу висока цена“ ако не соработува со Соединетите Американски Држави.

Прикажи повеќе...

Свет

„Мета“ брише профили во Австралија: „Ги преземаме сите чекори за да се усогласиме со законот“

Објавено пред

„Мета“ деактивираше повеќе од половина милион профили во Австралија како резултат на првата забрана во светот за социјални медиуми за лица под 16 години, објави компанијата денес.

dobivaj vesti na viber

„Мета“ соопшти дека затворила 544.052 профили за кои верува дека ги користеле лица под 16 години помеѓу 4 и 11 декември 2025 година. Ова вклучува 330.639 сметки на „Инстаграм“, 173.497 на „Фејсбук“ и 39.916 на социјалната мрежа „Тредс“.

Според новиот закон, кој стапи на сила на 10 декември, лицата под 16 години повеќе не смеат да имаат свои сметки на 10 главни платформи на социјалните медиуми, вклучувајќи ги „Тикток“, „Снепчет“, „Редит“ и „Јутјуб“. На компаниите им е дадена една година да спроведат мерки за верификација на возраста, а прекршоците се соочуваат со високи казни до 49,5 милиони австралиски долари (33 милиони американски долари).

„Мета“ рече дека континуираното почитување на законот ќе биде „повеќеслоен процес“ што ќе продолжи да се развива. „Иако нашите загрижености во врска со проверката на возраста преку интернет без индустриски стандард остануваат“, соопшти компанијата во блог пост. „Како што веќе наведовме, „Мета“ е посветена на исполнување на своите обврски за усогласеност и презема потребни чекори за да остане во согласност со законот“, додаде компанијата.

„Мета“ ја повика австралиската влада „конструктивно да се ангажира со индустријата за да се најде подобар пат напред, како што е охрабрување на целата индустрија да ја подигне летвата во обезбедувањето безбедни, пријателски настроени кон приватноста и соодветни на возраста онлајн искуства, наместо генерални забрани“.

Продавниците за апликации треба да бидат обврзани да ја потврдат возраста и да добијат родителска согласност пред децата дури и да можат да преземат апликација, велат од „Мета“.

„Ова е единствениот начин да се гарантира конзистентна заштита на младите луѓе низ целата индустрија, без оглед на тоа кои апликации ги користат, и да се избегне ефектот на задоцнување од новите апликации на кои тинејџерите ќе мигрираат за да го заобиколат законот за забрана на социјалните медиуми“, предупреди „Мета“.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“

Објавено пред

Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.

dobivaj vesti na viber

Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.

Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ по повторените локални избори: Народот ја казни неконструктивноста на СДСМ

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека повторените локални избори во државата завршиле со, како што наведуваат, уште еден дебакл и пораз за...

Македонија1 час

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Топ2 часа

(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин

Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен...

Свет2 часа

Генералниот секретар на ОН: Шокиран сум од насилството и прекумерната употреба на сила од страна на иранските власти

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во неделата ги повика иранските власти да „покажат максимална воздржаност“ по смртоносните протести што...

Свет2 часа

Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог

Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави Ал Џезира....

Македонија3 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија4 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет5 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет5 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет6 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија6 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа6 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија14 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет18 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет19 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...