Свет
Американците предупредени поради коронавирусот да не патуваат во 7 земји, меѓу нив и Хрватска
Американскиот центaр за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) ги предупреди Американците да не патуваат во Израел, Франција, Тајланд, Исланд и неколку други земји поради зголемениот број случаи на Ковид-19 во тие земји.
ЦДЦ ги додаде на највисокото ниво на опасност „Ниво 4“ меѓу другите и Израел, Западниот Брег, Газа, Аруба и Француска Полинезија.
Американскиот Стејт департмент издаде и паралелна листа „Ниво 4- не патувај“, која советува да се избегне патување во Исланд и Франција.
ЦДЦ ги стави Австрија, Хрватска, Ел Салвадор, Азербејџан, Гуам, Кенија и Јамајка на листата „Ниво 3“, што значи високо ниво на опасност од коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трагедијата во Хонг Конг открива системски пропусти: од фалсификувани податоци до корупција и опасни материјали во реновирањето
Една од најтешките трагедии во поновата историја на Хонг Конг – пожарот во станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“, во кој загинаа најмалку 159 лица – добива нова димензија, откако документи до кои дојде Ројтерс покажуваат дека станарите биле погрешно информирани за безбедносната историја на фирмата ангажирана за реновирање.
Погрешни информации за „чиста“ историја
Консултантската фирма Will Power Architects, која била ангажирана да ги процени понудите за реновирањето, во презентација до станарите навела дека изведувачот Prestige Construction & Engineering нема никакви прекршоци.
Но, регистарот на трудовиот инспекторат покажува сосема поинаква слика: фирмата била казнета повеќе од 15 пати во период од седум години за сериозни прекршувања на индустриската безбедност — од неправилно поставено скеле, до небезбедни електрични врски. Prestige бил казнет со вкупно 309.000 хонгконшки долари.
Сомнителни материјали и опасни практики
По пожарот, властите утврдиле дека дел од материјалите што ги користел изведувачот биле запаливи, а дел од заштитната мрежа поставена околу зградите немала противпожарна сертификација.
Властите дури тврдат дека изведувачот се обидел да ги измами инспекторите, мешајќи материјал од слаб квалитет со стандардна мрежа за да изгледа како да ги исполнува пропишаните норми.
Станарите, меѓу кои имало и пензионери со долгогодишно искуство во градежништво, повеќе пати се жалеле на:
– работници кои пушат на скеле,
– запаливи материјали користени на покриви и околу прозорци,
– сомнителни електрични инсталации,
– пренатрупано скеле со небезбедна конструкција.
Некои од станарите се обидувале сами да се заштитат – ваделе запаливи панели, ги мокреле заштитните мрежи за да се намали ризикот од искра. Но, нивните обиди биле игнорирани или протолкувани како претерани.
Борба за смена на управата
Во текот на 2024 станарите се обиделе да ја сменат управата на комплексот, која го поддржувала изведувачот и одбивала да свика итен состанок. Иницијативата настанала откако трошоците за реновирањето двојно се зголемиле, без јасни објаснувања.
Состанокот бил одржан дури по седум месеци, присуствувале над 1.200 луѓе, и на крајот била избрана нова управа.
Сепак, договорот со изведувачот не бил раскинат — адвокат ги предупредил станарите дека би можеле да сносат огромна колективна финансиска одговорност.
Истрага за убиство од небрежност и корупција
По трагедијата, започнати се истраги за убиство од небрежност и корупција. Уапсени се лица поврзани и со Will Power и со Prestige, но засега без официјални обвиненија.
Се истражуваат неточни информации во процесот на избор на изведувач, прикривање на претходни казни, користење материјали кои не смееле да се употребат.
Свет
Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци
Граничниот премин Евзони денеска повторно ќе биде затворен за сите видови на возила поради протестите на грчките земјоделци.
Како што информираат од Авто мото сојузот на Македонија, граничниот премин ќе биде затворен од 10 до 14 часот и од 18 до 22 часот.
Земјоделците протестираат поради доцнење во исплатата на земјоделските субвенции поддржани од Европската унија.
Ова следи откако властите почнаа да ги преиспитуваат сите барања по откривањето на широко распространети лажни барања за земјоделски субвенции од ЕУ.
Десетици лица се уапсени поради наводно поднесување лажни барања како одговор на истрага водена од Европското јавно обвинителство.
За време на прелиминарната истрага, околу 324 лица се идентификувани како примачи на субвенции во вкупен износ од 19,6 милиони евра.
Независното тело на ЕУ за финансиски криминал кон крајот на октомври соопшти дека истрагата е поврзана со „систематска шема на измама со субвенции од големи размери и активности за перење пари“.
Свет
(Видео) Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници
На еден од главните меѓународни аеродроми во Бразил изби пожар на авион Airbus A320.
Во моментот на пожарот во авионот имало 180 лица. Сите патници и членови на екипажот биле евакуирани.
Според првите информации, пожарот избил од колички за багаж паркирани блиску до товарниот дел на авионот, а огнот се проширил под едното крило. Екипажот веднаш го активирал протоколот за итни случаи и ги евакуирал патниците со надувувачки лизгалки.
🇧🇷 An Airbus A320 operated by LATAM Airlines caught fire in Brazil while carrying 180 passengers.
The aircraft had begun taxiing for takeoff when the cabin abruptly filled with smoke, and passengers noticed flames beneath the wing. Evacuation was carried out directly onto the… pic.twitter.com/XlkOPPDvy2
— NSTRIKE (@NSTRIKE1231) December 6, 2025
Аеродромската противпожарна служба го изгаснала пожарот, а авионот бил одведен на понатамошна истрага. Летот бил откажан.
Бразилските власти и Националната агенција за цивилно воздухопловство започнале опсежна истрага за причините за пожарот

