Свет
Америка окована во снег и мраз, најмалку пет лица починати од студот
Најмалку пет лица го загубиле животот во силното зимско невреме Јури што ги погоди САД, во кое речиси пет милиони куќи и компании останале без електрична енергија во Тексас, а застрашувачки торнада биле забележани на југозападот, пренесуваат светските медиуми.
Националаната метеоролошка служба соопшти дека екстремно ниски температури биле забележани во Тексас, со температури до минус 29 Целзиусови степени.
„Во делови на Тексас е забележано нешто што може да се нарече снежна топка, односно комбинација од торнада и снег“, известуваат од Националаната служба.
Додавааат дека меѓу најпогодените држави се Тексас, Кентаки, Тенеси, Мисисипи, Алабама, Оклахома.
Според последните податоци од службата, во Луизијана 50-годишен маж починал кога се лизнал и паднал на леден тротоар и си ја повредил главата. Две лица починале во Тексас поради смрзнување. Станува збор за 78-годишен старец, кој паднал во дворот на својата куќа и останал на студ неколку часа, и за еден бездомник во Хјустон, кој одбил засолниште и подоцна бил пронајден мртов во округот Харис.
Ледената бура достигна дури и до северните делови на Мексико, каде што повеќе од четири милиони домови и деловни активности останаа без електрична енергија, известуваат од американската служба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Околу 4.000 летови откажани во САД поради ледената бура
Речиси 4.000 летови беа откажани денес до или од Соединетите Американски Држави, а аеродромите во Бостон и Њујорк се најтешко погодени, според податоците од веб-страницата „FlightAware“.
Од петок, повеќе од 20.000 летови беа откажани поради зимската бура, објавува „ABC News“.
Само во неделата беа откажани повеќе од 11.000 летови, што е најголем број дневни откажувања од пандемијата на коронавирусот, според податоците од компанијата „Сириум“.
Се очекува летовите да продолжат денес на аеродромот Роналд Реган во Вашингтон, откако аеродромот вчера го прекина целиот сообраќај поради зимската бура.
Најмалку 18 лица во неколку федерални држави загинаа во бранот на ледената бура низ САД, објавија американските медиуми.
Во градот Фриско, Тексас, недалеку од Далас, 16-годишно девојче починало додека се санкало, соопшти локалната полиција, наведувајќи дека девојчето го влечело со санката тинејџер кој возел моторна санка.
Во соопштението се наведува дека санката на која се возело девојчето прво удрила во тротоарот, а потоа во дрво.
Во областа Остин, една жртва на хипотермија е пронајдена на паркингот на напуштена бензинска пумпа, соопштија локалните власти.
Во државата Арканзас, 17-годишно момче починало по сообраќајна несреќа во која удрил во дрво со санка, соопшти шерифската канцеларија на округот Салин.
Во сојузната држава Пенсилванија, три лица загинале додека чистеле снег, соопштија окружните власти, додавајќи дека жртвите биле на возраст од 60 до 84 години.
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека пет лица загинале во ледениот бран, а бостонските медиуми објавија дека во државата Масачусетс, една жена починала откако била удрена од возило за чистење снег.
Три смртни случаи се пријавени во Тенеси, два во Луизијана и еден во Канзас, потврдија официјални лица во тие држави за ABC News, пренесува Танјуг.
Свет
Песков: Русија го иницираше предавањето на замрзнатите средства на Одборот за мир
Москва сè уште не е запознаена со официјалната реакција на Вашингтон на иницијативата на Русија за префрлање на една милијарда долари од средствата замрзнати во САД на Одборот за мир, но тоа секако отвора нови хоризонти за соработка со САД, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Досега не сме слушнале никаква јавна реакција на ова“, рече Песков, пренесува Спутник.
Во исто време, тој рече дека Кремљ забележал дека американскиот претседател Доналд Трамп ја нарекол интересна идеја.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Москва е подготвена да испрати една милијарда долари од замрзнатите средства на Одборот за мир, кој беше формиран на иницијатива на Доналд Трамп, со цел обнова на Појасот Газа и решавање на палестинскиот проблем, пренесува Танјуг.
Свет
Кремљ: Рано е да се очекуваат големи резултати од преговорите за Украина
Кремљ соопшти дека разговорите меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави за ставање крај на војната сè уште се во рана фаза и дека не треба да се очекуваат опипливи резултати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека би било погрешно да се очекуваат „големи резултати“ од трилатералните разговори што се одржаа минатиот викенд во Обединетите Арапски Емирати. Според него, темите биле тешки, но самиот факт што контактите започнале конструктивно треба да се смета за позитивен.
Според агенцијата ДПА, на првите директни разговори меѓу завојуваните страни по неколку месеци е договорено само продолжување на разговорите по една недела, без утврден датум. АФП, повикувајќи се на неименуван американски функционер, објави дека нова средба се очекува на 1 февруари.
Песков ги негираше тврдењата на американски претставници дека меѓу руската и украинската делегација владеела речиси пријателска атмосфера, оценувајќи дека тоа во оваа фаза е тешко можно.
Тој се осврна и на таканаречената „формула од Анкориџ“, поврзана со самитот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска во август 2025 година, од кој не беше објавен никаков договор.
Русија бара повлекување на украинските сили од делови на источниот регион Донбас кои сè уште се под контрола на Киев, на што украинската влада се спротивставува. Германскиот безбедносен експерт Нико Ланге оцени дека изгледа оти Трамп дал ветувања кои сега не може да ги исполни, поради што САД вршат притисок врз Украина да прифати отстапки.

