Европа
Аналитичари: Путин ќе ја интензивира војната во Украина
Путин ќе оди на заострување на војната и нуклеарната закана во Украина, но сепак треба да видиме дали се можни мировни преговори, оценуваат аналитичарите и медиумите во ЕУ и САД.
Кина и Индија би можеле да помогнат таму во свој интерес, велат тие, според медиумите во светот.
Италијанската „Република“ во извештај јавува дека американските аналитичари се разочарани и сметаат дека Путин ќе ја продолжи политиката на интензивирање на војната во Украина иако се сметаше дека по анексијата на источноукраинските области, Русија ќе ѝ даде простор на дипломатијата.
Како што забележуваат некои аналитичари, сега останува прашањето кои се стратешките цели на Западот во украинската војна – да спречи руска воена победа или да го собори рускиот претседател и да ја фрли Русија на колена, како што претходно нагласија највисоките американски претставници, пишуваат медиумите.
Според нив, некои угледни американски аналитичари се на мислење дека Пекинг и Њу Делхи треба да се охрабрат да влијаат на Москва за да се запре војната бидејќи и кинескиот и индискиот лидер деновиве му порачале на рускиот претседател дека треба да се запре конфликтот што го загрозува светскиот мир и стабилност.
Францускиот весник „Монд“ во рецензија вели дека „Путин за неколку месеци ја затвори вратата на дијалог и дипломатија и влезе во војна без никакви правила, неговата судбина сега е неумоливо поврзана со она што ќе го даде“.
„Не се работи за Русија бидејќи ако тоа е доживотна битка за опстанок, тогаш тоа се однесува само на Путин“, пишува „Монд“.
Аналитичарите се согласни дека војната лесно може да се разгори уште повеќе, американските воени стратези размислуваат што ќе направат САД и Западот доколку Путин употреби тактичко нуклеарно оружје, а „Њујорк тајмс“ пишува дека Пентагон веќе се подготвува да воспостави американска воена команда во Германија, јавуваат агенциите.
Американскиот весник „Њујоркер“ пишува дека американските воени лидери подготвиле неколку сериозни планови во случај Русија да употреби нуклеарно оружје во Украина.
Западните медиуми го пренесоа и предупредувањето на поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер, кој упорно се залага за спогодба на Западот со Москва, и дека „Русија ќе биде уништена доколку употреби нуклеарно оружје“.
Ако поради воени неуспеси и слабост Русија беше принудена да ги промени стратегијата и целите во „специјалната операција“ во Украина, Западот изгледа не се откажа од стратешката цел да го собори Путин од власт, што произлегува од некои американски анализи, пренесе бриселскиот портал „Политико“.
Според тие процени, дванаесет луѓе би можеле да бидат подготвени да го заменат Путин на командниот мост на Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс
Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна интеграција на пазарот и можни федерални гаранции за инвестиции. Планот беше презентиран вчера за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Берлин, додека европските лидери се обидуваат да испратат силна порака до американскиот претседател Доналд Трамп за единството на континентот во поддршка на Украина, објави Ројтерс.
„Силната украинска одбранбена индустрија е од суштинско значење за одбраната од руска агресивна војна и е важен елемент на безбедносните гаранции за одвраќање на идната руска агресија“, според документ дистрибуиран за време на посетата на Зеленски, која следеше по продолжувањето на мировните разговори со американските претставници.
Зајакнување на одбранбената соработка
Според новиот план, Германија и Украина ќе соработуваат поблиску на истражувањето во одбраната, заедничките инвестиции и набавките. Како најголем европски поддржувач на Украина, Германија, исто така, размислува за користење на федерални гаранции за поттикнување инвестиции во одбранбената индустрија на Украина.
Конкретни чекори и иницијативи
Планот, исто така, предвидува испитување на можноста за заедничка набавка на одбранбена опрема произведена во Украина, особено беспилотни летала-пресретнувачи, за заштита на воздушниот простор на НАТО, како дел од европската иницијатива „Небесен штит“.
Со цел зајакнување на индустриските врски, во Берлин ќе се формира канцеларија за врска за украинската одбранбена индустрија наречена Ukraine Freedom House. Министерствата за одбрана на двете земји ќе одржуваат редовни консултации на високо ниво, а Германија ќе го зголеми присуството на своите воени аташеа во Киев и ќе ја интензивира размената на експерти.
Во документот, исто така, се наведува дека Германија и Украина ќе преземат сеопфатни мерки за спречување на корупцијата. Овој потег е одговор на загриженоста на Западот по најголемиот корупциски скандал во Киев за време на војната, што доведе до оставка на двајца министри и началникот на кабинетот на претседателот Зеленски.
Европа
(Видео) Украинците ја нападнаа Москва со беспилотни летала
Руската престолнина синоќа повторно беше цел на беспилотни летала, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин. Ова е втор голем напад со беспилотни летала за помалку од една недела по големиот напад на 10 декември, објави „Киев индепендент“.
Русите: Соборивме најмалку 18
Според Собјанин, руската воздушна одбрана собори најмалку 18 беспилотни летала што се движеа кон Москва. Тој рече дека нема извештаи за жртви или штети и дека службите за итни случаи ги расчистуваат остатоците од соборените беспилотни летала.
Taking the war to russian’s front door in Moscow tonight:
🔥Drones are attacking Moscow: explosions are heard and smoke is rising. Muscovites are panicking. Cope is real. pic.twitter.com/45Ca3Wym77
— Beefeater (@Beefeater_Fella) December 14, 2025
Руското Министерство за одбрана подоцна објави подетаљни податоци тврдејќи дека вкупно 130 беспилотни летала биле пресретнати во Русија преку ноќ. Од нив, велат тие, 25 биле соборени над Московскиот Регион.
Експлозии и прекини во сообраќајот
Жителите на истринскиот округ, 40-ина километри западно од Москва, пријавија повеќе од десетина гласни експлозии, објави рускиот телеграм-канал „Шот“. Експлозии се слушнале и во Кашира и во Коломна, јужно од главниот град.
Нападите доведоа и до привремени ограничувања на воздушниот сообраќај на московските аеродроми „Жуковски“ и „Домодедово“. Претходните напади исто така ги прекинаа воздушните операции приземјувајќи и одложувајќи стотици летови.
Европа
Евростат објави колку бегалци од Украина примила секоја земја од ЕУ
Евростат објави детаљни податоци за тоа колку граѓани, кои не се од ЕУ, а избегале од Украина, моментно имаат статус на привремена заштита во Европската Унија.
На 31 октомври оваа година вкупно 4,3 милиони такви лица имале статус на привремена заштита. Во споредба со крајот на септември оваа година, вкупниот број на лица од Украина под привремена заштита се намалил за 6.170 (-0,1 %).
Земјите членки на ЕУ, кои примиле најголем број корисници на привремена заштита од Украина, биле Германија (1.229.960 лица; 28,6 % од вкупниот број во ЕУ), Полска (965.005; 22,5 %) и Чешка (393.005; 9,1 %).
Список на земји според примени бегалци од Украина:
- Германија – 1.229.960
- Полска – 965.005
- Чешка – 393.005
- Шпанија – 250.135
- Романија – 197.675
- Словачка – 137.600
- Холандија – 132.200
- Ирска – 117.805
- Белгија – 93.520
- Австрија – 90.340
- Норвешка – 82.590
- Финска – 77.335
- Бугарија – 75.255
- Швајцарија – 70.950
- Италија – 56.940
- Франција – 54.005
- Литванија – 50.600
- Шведска – 48.315
- Данска – 45.230
- Унгарија – 42.430
- Грција – 37.685
- Естонија – 34.965
- Латвија – 31.280
- Хрватска – 28.070
- Кипар – 24.755
- Словенија – 10.950
- Малта – 2.445
- Лихтенштајн – 845

