Свет
АП: Израелците пукаа кон Палестинците што се движеа кон северот на Газа
Израелските сили убиле двајца и раниле уште 11 Палестинци, јавува новинската агенција „Асошиетед прес“. Палестинците тргнаа кон главната борбена зона во северниот дел на Газа и покрај предупредувањата од израелската војска да останат на место за време на привремениот прекин на огнот, објави новинската агенција.
Новинарот на АП видел две тела и ранети како пристигнуваат во болница во градот Деир ал-Балах во јужна Газа. Ранетите биле застрелани во нозете. До пукањето дојде неколку часа откако израелската војска ги предупреди раселените Палестинците што побараа засолниште на југ да не се враќаат во своите домови во северната половина од територијата за време на четиридневниот прекин на огнот.
Откога утринава почна привремениот прекин на огнот, забележани се стотици Палестинци што се обидуваат да се пробијат во северниот дел на Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра
По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени за криумчарење најмалку 47 турски мигранти во најмалку пет наврати и криумчарење на разновидна „комерцијална“ стока преку граница.
Инспекторите се сомневаат дека првообвинетиот, со засега непознати лица од БиХ, се договорил и за пари организирал континуирано нелегално префрлање на поголем број странски државјани од БиХ во Хрватска преку граничните премини во Гуња, Топушка и други места.
За нивниот пикап и превоз преку граница за цена од 1.500 евра по превоз, организаторот на групата во договор со еден од осомничените царински службеници го ангажирал четвртопријавениот, кој ги превезувал мигрантите скриени во багажникот на возилото. Потоа ги предал на непознати лица за понатаму да ги вози до договорените дестинации во Хрватска и другите земји од Европската унија.
Свет
Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: се обидувал да го спаси претседателот на Иран
Еден од патниците на хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, при падот на леталото во северозападниот дел на Иран бил жив околу еден час по несреќата и се обидувал да повика помош.
Според извештаите на медиумите, имамот Мохамед Али ал-Хашем од Табриз живеел цел час по несреќата и се обидувал да стапи во контакт со канцеларијата на претседателот Раиси, рече Мохамад Нами.
„Не беа потребни ДНК-тестови за да се идентификуваат патниците“, вели Нами.
Во хеликоптерската несреќа загинаа вкупно девет лица, вклучително и екипажот на летот.
Свет
Провалници упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини
Провалници упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт Матео Салвини во неделата вечерта, соопшти денеска полицијата.
Разбојниците не успеале да го отворат сефот во домот на Салвини во Рим, изјавиле извори за „Анса“.
Сè уште не се знае дали успеале да украдат други предмети.