Свет
Асад: ЕУ не може да учествува во обновата на Сирија бидејќи ги поддржа терористите
Европската унија нема да може да учествува во обновувањето на разорената од шестгодишната војна Сирија, бидејќи од почетокот ги поддржуваше терористите, изјави сирискиот претседател Башар ал-Асад во разговорот со белгиските новинари, пренесува службената сириска новинска агенција SANA.
Како што порачал сирискиот претседател Башар ал-Асад, Европската унија ги поддржувала „терористите“ (термин кој владата во Дамаск го користи за сите бунтовнички групи – з..р)., давајќи од почетокот на војната во март 2011 година поддршка на различните групации, на таканаречената умерена вооружена сунитска опозиција,меѓутоа и на Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, како и на џихадистичката терористичка организација Исламска држава.
„Не можете да уништувате и да обновувате истовремено“, им порачува Асад на европските челници.
За ставовите на Европската унија, Асад генерално вели дека земјите од Унијата немаат независна политичка насока, туку „го следат својот стопан Америка“.,
„Европејците го следат и го остваруваат она што Американците го посакуваат, Тие не постојат како независни земји“, заклучува сирискиот претседател.
Но Асад како „охрабрувачки“ ги оценува изјавите на новиот американски претседател Доналд Трамп, дека „борбата против тероризмот е приоритет“.
Во врска со можната „соработка меѓу САД и Русија“, Асад вели дека „ние мислиме дека тоа би било позитивно а остатокот од свето, вклучително и за Сирија“, но додава дека за тоа „уште е прерано да се носат судови“.
„За постигнување на мирот (во Сирија), потребни се две работи: борбата против терористите и тероризмот, запирање на токовите на тероризмот, секој вид на логистичка поддршка. Второ, дијалогот меѓу Сиријците да одлучат за иднината на својата земја и за целиот политички систем. Ова се главните теми за тоа како ние ја гледаме иднината на Сирија“, вели уште Асад на едно од прашањата на белгиските новинари во пресрет на преговорите во Женева под покровителство на Обединетите нации./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.