Свет
Асимилацијата на Евреите во САД е како втор холокауст, тврди израелски министер
Мешаните бракови меѓу Евреите од дијаспората, особено оние во Северна Америка, се како втор холокауст, изјави израелскиот министер за образование, Рафи Перец, на состанокот на кабинетот, обединувајќи голем дел од таа дијаспора во шок, пренесува РТ.
„Еврејската заедница изгуби 6 милиони луѓе во последните 70 години поради мешаните бракови и асимилацијата“, изјави Перец на состанокот на кабинетот за трендовите во еврејските заедници во светот, особено во САД.
Неговиот портпарол ја потврди изјавата на израелскиот Канал 13.
Американските Евреи беа навредени од изјавата. Главниот извршен директор на Лигата против клевета (АДЛ), Џонатан Гринблат, ги нарече забелешките незамисливи, додавајќи дека овој вид неоснована споредба само разгорува и навредува.
АДЛ објави дополнителен одговор на хебрејски јазик, обвинувајќи ја изјавата на Перез дека само ги зголемува веќе постоечките тензии меѓу Израел и Евреите од САД.
„Израелската влада има морална одговорност да ги одржува и подобрува односите на земјата со Евреите во дијаспората воопшто, а особено со американската еврејска заедница”, рече Џеј Рудерман, претседател на Фондацијата за семејство „Рудерман“, еврејска организација што се залага за лицата со попреченост.
И колегите министри на Перец не останаа имуни на коментарот.
„Прво треба да престанеме со непочитување и потценување на Евреите во Америка кои се гледаат себеси како Евреи не само религиски туку и повеќе културно и историски”, тврди министерот за енергетика, Јувал Штајниц.
Но, премиерот Бенјамин Нетанјаху го сподели алармот на Перец за демографските трендови, тврдејќи дека американските Евреи ги напуштаат еврејските традиции во тренд што не може лесно да се промени.
Поддршката за Израел меѓу американските Евреи со години опаѓа, а коментарите на Перец – кои не се први што ја споредуваат асимилацијата со холокаустот – најверојатно нема да го намалат јазот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.