Европа
„Астразенека“ дополнително ја намали испораката на вакцини за ЕУ на 30 милиони

Фармацевтската компанија „Астразенека“ ја намали прогнозата за испорака на вакцини за Европската Унија во првиот квартал на околу 30 милиони дози.
Тоа е третина од договорните обврски и пад од 25 проценти во споредба со ветувањата дадени минатиот месец.
Овој недостаток ќе биде дополнителен удар врз европскиот план за вакцинација, кој веќе е попречен од одложувањата во испораката на вакцините и бавното воведување на вакцинацијата во некои земји членки.
Документ споделен со официјални претставници на ЕУ, со датум од 10 март, до кој „Ројтерс“ имал пристап, покажува дека компаниите сега очекуваат испорака на 30,1 милиони дози до крајот на март и нови 20 милиони во април.
Шефот на „Астразенека“, Паскал Сорио, пред Европскиот парламент на 25 февруари рече дека компанијата ќе се обиде да испорача 40 милиони дози до крајот на март.
Документот покажува дека британско-шведската компанија веќе на 24 февруари ја проценила испораката на вакцини во ЕУ на само 34 милиони дози за периодот од јануари до март, далеку под договорената цел од 90 милиони дози.
Портпаролот на „Астразенека“ одби да ги коментира обвинувањата на „Ројтерс“.
Едно лице запознаено со ситуацијата рекло дека подобрувањето што компанијата го очекуваше во првиот квартал не се оствари поради тешкотиите при движење на вакцините во глобалниот синџир на снабдување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија планира да ограничи дел од повиците на Telegram и на WhatsApp

Руските власти преземаат мерки за ограничување на одредени повици на комуникациските платформи Telegram и WhatsApp, објави денес новинската агенција Интерфакс, повикувајќи се на рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор.
Meta, која е сопственик на WhatsApp, и Telegram не одговорија веднаш на барањето за коментар.
Рускиот претседател Владимир Путин минатиот месец потпиша закон со кој се овластува развојот на комуникациска апликација поддржана од државата, интегрирана со владини услуги, во светлината на напорите на Москва да ја намали зависноста од платформи како WhatsApp и Telegram.
Русија долго време се обидува да воспостави она што го нарекува дигитален суверенитет преку промовирање на домашни услуги. Нејзините напори да ги замени странските технолошки платформи станаа поитни откако некои западни компании се повлекоа од рускиот пазар откако Москва ја започна својата инвазија на Украина.
„Заради спротивставување на криминалците, се преземаат мерки за делумно ограничување на повиците кон овие странски (комуникациски апликации)“, соопшти Роскомнадзор, според Интерфакс.
„Не се наметнати други ограничувања на нивната функционалност“.
Роскомнадзор соопшти дека сопствениците на Telegram и WhatsApp ги игнорирале повторените барања да преземат чекори за да спречат нивните платформи да се користат за активности како што се изнуда и тероризам.
фото: принтскрин
Европа
Мерц: Прво прекин на огнот во Украина, потоа долгорочен мировен договор

Украина „мора да биде на масата“ во преговорите што ќе следат по средбата на Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска в петок, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Мерц одржа заедничка прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски по нивните видео-конференциски разговори со европските лидери, генералниот секретар на НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп.
Германскиот канцелар нагласи дека мора да се следи единствениот правилен редослед на настани: прво треба да се договори прекин на огнот, а потоа да следи долгорочен мировен договор.
„Прекин на огнот“ меѓу Москва и Киев „мора да дојде на прво место“ за да можат сите преговори да продолжат „по правилен редослед“, рече тој по видео-конференцијата.
Мерц нагласи дека мора да има силни безбедносни гаранции, почитувајќи го суверенитетот на Украина.
Мерц вели дека Европа прави сè што може за да „помогне во поставувањето на агендата“ за средбата меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави и рускиот претседател во Алјаска.
Тој вели дека се надева дека Трамп ќе биде успешен на средбата.
„Безбедносните интереси на Европа и Украина мора да бидат заштитени во Алјаска“, рече Мерц на прес-конференција, а за тоа, како што изјави, разговарал и со Трамп.
Европа
Макрон: Трамп се согласи дека Украина мора да биде вклучена во разговорите за територијата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Украина мора да биде вклучена во разговорите за територијата како дел од секој договор за прекин на огнот со Русија, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
Тврдењето на Макрон е прв показател за исходот од разговорите меѓу Трамп, европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел обликување на состанокот на Трамп со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петок.
Инсистирањето на Трамп за вклучување на Украина, доколку се потврди, би можело да значи одредено олеснување за Украина и нејзините сојузници, кои стравуваа дека Трамп и Путин би можеле да постигнат договор што би им наштетил на европските и украинските безбедносни интереси и би ја поделил украинската територија.
Трамп и Путин ќе се сретнат в петок во Алјаска за да разговараат за тоа како да се стави крај на три и полгодишниот конфликт, најлошиот во Европа од Втората светска војна.