Свет
Бачелет: Русија со репресивни закони ги сузбива критиките

Можностите за критикување на јавните политики во Русија, особено во однос на Украина, се стеснуваат, бидејќи 12.700 луѓе беа незаконски приведени за време на неодамнешните антивоени протести, изјави високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Бачелет.
„Останувам загрижена за употребата на репресивно законодавство што го попречува остварувањето на граѓанските и политичките права и го криминализира ненасилното однесување“, рече Башелет во видеообраќањето до Советот за човекови права во Женева.
Таа рече дека „нејасните и премногу широки дефиниции“ на екстремизмот и поттикнувањето омраза во Русија доведоа до правни толкувања кои не се во согласност со нејзините обврски за човекови права.
„Новите закони што ги криминализираат актите на ‘дискредитација’ на вооружените сили продолжуваат на овој загрижувачки начин“, додаде Бачелет.
Русија усвои закон со кој се предвидува затворска казна до 15 години за лица кои намерно шират лажни информации за руските вооружени сили, објави претходно руската агенција ТАС С.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Моментално нема летови од аеродромот во Варшава

Меѓународниот аеродром „Шопен“ во Варшава, главниот воздушен центар на Полска, штотуку издаде соопштение во кое се вели дека во моментов нема летови.
Ważny komunikat dla pasażerów korzystających z @ChopinAirport. pic.twitter.com/kN1W7dFSLx
— Chopin Airport, WAW (@ChopinAirport) September 10, 2025
„Аеродромот останува отворен, но во моментов нема летови“, се вели во објавата на Икс.
Се додава дека патниците треба да ги следат владините најави и новостите од авиокомпаниите.
Ова може да биде досега незабележан инцидент
Полските вооружени сили потврдија дека објектите биле „соборени“. Ова може да биде прв пат земјата-членка на НАТО директно да учествува во напад врз руски средства во нејзиниот воздушен простор од почетокот на војната во Украина во 2022 година, доколку се потврди дека објектите се руски.
Во исто време, ова не е прв пат полски борбени авиони да бидат подигнати од почетокот на конфликтот. Сепак, претходните случаи главно вклучуваа руски беспилотни летала што минуваа низ полскиот воздушен простор обидувајќи се да стигнат до Украина.
Русија не коментираше за најновиот инцидент. Рускиот претседател Владимир Путин постојано негираше каква било намера за водење војна против земјите од НАТО.
Европа
Туск: Операцијата е во тек

Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека е во тек операција „поврзана со повеќекратни нарушувања на полскиот воздушен простор“.
Во објава на Икс, премиерот рече дека е во „постојан контакт“ со Министерството за одбрана и дека добил директен извештај од оперативниот командант.
Otrzymałem meldunek od Dowódcy Operacyjnego Rodzajów Sił Zbrojnych o zestrzeleniu dronów, które wtargnęły w naszą przestrzeń powietrzną i mogły stanowić zagrożenie. Operacja trwa.
— Donald Tusk (@donaldtusk) September 10, 2025
Тој додаде дека го информирал генералниот секретар на НАТО за моменталната ситуација и мерките што се преземени против објектите што го нарушија полскиот воздушен простор.
Poinformowałem Sekretarza Generalnego NATO o aktualnej sytuacji i działaniach, jakie podjęliśmy wobec obiektów, które naruszyły naszą przestrzeń powietrzną. Jesteśmy w stałym kontakcie.
— Donald Tusk (@donaldtusk) September 10, 2025
Три полски региони моментално се најранливи
Оперативната команда на полската армија идентификуваше три региони како моментално најранливи: Подлаското војводство, Мазовското војводство и Лублинското војводство.
Сите овие региони се наоѓаат во источниот дел од земјата и граничат со Белорусија и Украина. Главниот град на Полска, Варшава, се наоѓа во центарот на Мазовското војводство.
Полската армија вели дека нејзините сили и ресурси се „целосно подготвени за итен одговор“.
Европа
Дронови влегоа во полскиот воздушен простор, Полјаците ги соборија

Полската војска рано утрово соопшти дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина.
„Распоредено е оружје и службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, соопшти Полската оперативна команда. Додаде дека е во тек воена операција и ги повика жителите да останат во своите домови.
„Полските и сојузничките авиони дејствуваат во нашиот воздушен простор, додека копнените системи за воздушна одбрана и радарско извидување се на највисоко ниво на тревога“, наведе Оперативната команда на полските вооружени сили.
Полска е членка на НАТО, трансатлантскиот одбранбен пакт во кој учествуваат САД, кој го применува принципот дека нападот врз еден е напад врз сите.