Свет
Бајден го прашаа за годините, а тој им одговори: „Видете ме“
Американскиот претседател Џозеф Бајден, за кого се зборува дека би можел да се кандидира за втор претседателски мандат, на прашањата за неговата возраст одговори со шега. Неодамна на еден собир рекол: „Сите овие години ги поминав во Сенатот, значи 270 години“.
Бајден, кој сега има 80 години, ќе има 86 години на крајот од можниот втор претседателски мандат, така што неговата возраст е голем хендикеп за реизбор.
„Види ме!“, вели Бајден секогаш кога ќе го прашаат за возраста, што е негов начин да ја нагласи неговата издржливост откако е претседател на САД.
Бајден, кој сè уште не се изјаснил дали ќе се кандидира во 2024 година, сега престанува да се поздравува и да се ракува со граѓаните пред да влезе во хеликоптер или авион.
По говорот во Конгресот или за време на патувањето низ земјата, Бајден често застанува да размени збор со некого, застанува да се фотографира со некого, како да сака да покаже дека новата претседателска кампања е напорна вежба, но не се плаши од тоа.
Кога медиумите минатата есен го прашаа дали оди на годишен лекарски преглед, тој на шега одговори: „Навистина мислиш дека ми треба“.
Лекарот по прегледот и официјално изјави дека Бајден е во добра здравствена состојба и е способен да ги извршува обврските. И тоа наспроти неговата неумешност забележана од републиканските противници, кои се смеат кога тој се сопнува додека се качува по скалите од авионот.
Американскиот претседател знае дека темата за неговата возраст е сериозна. Според анкетата спроведена кон крајот на февруари, 65 отсто од Американците го сметаат за премногу стар за втор мандат. Сепак, Бајден повремено прави мали шеги на оваа тема меѓу своите поддржувачи.
Говорејќи пред синдикатот на пожарникарите претходно оваа недела, Бајден рече дека првпат бил избран во Конгресот во 1972 година кога имал малку повеќе коса. Демократскиот претседател дури се осмели да биде ироничен за деликатна тема, како што е операцијата на аневризмата на мозокот, што ја имаше во 1988 година.
„Мораа да ми го симнат горниот дел од черепот неколкупати за да видат дали имам мозок“, рече Бајден, кого некои републиканци понекогаш го опишуваат како сенилен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес регистриран во Романија
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во 18:21 часот во Романија.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во област со географски координати на географска ширина 45,8336 и географска должина 26,7157.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 120 километри под површината на земјата.
Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Свет
Сикорски: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина и нема да запре
Шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, денес во експозе за полската надворешна политика предупреди дека Русија не сака мир, туку капитулација на Украина и дека нема да застане тука.
„Сите сме свесни за опасноста. Ситуацијата е сериозна. Свеста за опасноста може да биде парализирачка. Не можеме да си дозволиме луксуз да останеме парализирани“, им рече Сикорски на членовите на долниот дом на полскиот парламент.
Тој предупреди дека некои сојузници не го исклучуваат сценариото Русија да го нападне НАТО, како што рече, не за две или три години, туку оваа година.
„Кремљ нема да попушти. Ќе тестира понатамошни граници. Путин не сака мир, тој сака само капитулација“, рече Сикорски и потсети дека Европа е веќе цел на руски хибридни напади – сајбер напади, поточно врз Полска од две илјади до три илјади дневно, диверзија и саботажа и масовно ширење дезинформации на Интернет.
„Целта на непријателот е едноставна. Да заплаши, да предизвика раздор, да поттикне разни групи Полјаци едни против други, да ја ослабне довербата во политичарите и владата. Полјаците, од најмладите до најстарите, мора да научат како да се справат со опасностите на Интернет. Патриотска должност е да се биде свесен кој, што и со која цел е објавено“, рече тој.
Сикорски им порача на сите во Полска кои мислат дека помагањето на Украина не вреди, дека треба да разберат дека слободна Украина како дел од Западот е шанса и можност и за нивната татковина.
„Шанса да се скршат забите на рускиот империјализам, да се зајакне заедничката одбрана, за интензивна трговска размена, заеднички проекти во одбранбената индустрија за ангажирање на нашите компании. Војната во Украина не е само за независноста на таа земја, туку и за тоа кој ќе биде трет најсилен играч во светот покрај САД и Кина – Русија или Европа“, рече тој.
Апелираше да се воведе таканаречениот воен Шенген во ЕУ, така што евентуалното доаѓање на сојузниците да помогнат да не трае со недели, туку да биде брзо без правни бариери“.
Регион
Вучиќ: Ова ќе биде клучна и една од најтешките години во светот
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека утре ќе бидат потпишани 10 договори за соработка меѓу Србија и Казахстан и истакна дека ова е создавање темел врз кој ќе се изгради голема куќа на пријателство што е од интерес за двете земји.
– Разговаравме за геополитичката ситуација. Имаме речиси 100% согласност во оценките. Можам да зборувам за моите предвидувања. Можaм да прoмашам за неколку дена, но во суштина не. Очекувам наскоро да започне голем конфликт, сите знаете на кој мислам, и очекувам конфликтот во Украина да не заврши, мислам дека ќе продолжи долго време. Би сакал да грешам, би бил повеќе од среќен да излезам и да кажам дека моите проценки беа погрешни, но се плашам дека ќе бидам во право. Полека, сите влегуваат во ќорсокак, а кога сте во ќорсокак, се движите само кон потешки решенија и поголеми проблеми. Ова ќе биде клучна година и една од најтешките години во светот. Не би ја исклучил можноста за употреба на неконвенционално оружје во текот на оваа година – изјави Вучиќ, пренесуваат медиумите во регионот.

