Свет
Бајден денеска за последен пат зборува во Генералното собрание на ОН како претседател на САД
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го одржи својот последен говор на Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) како претседател на САД.
Во обраќањето на Бајден пред Генералното собрание и на неговите средби со други светски лидери во Њујорк, главното прашање ќе биде конфликтот на Блискиот Исток и неговите потези во тој поглед, пренесува Гласот на Америка.
Бајден ќе им се обрати на стотици светски лидери кои секоја година се собираат на Генералното собрание на Обединетите нации, а говорот ќе го одржи во многу важен момент, изјави американската амбасадорка во ОН Линда Томас Гринфилд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Поради интензивирање на конфликтот меѓу Израел и Хезболах денеска се откажани над 30 летови во Бејрут
Поради интензивирање на конфликтот меѓу Израел и либанското движење Хезболах, денеска беа откажани повеќе од 30 летови за и од Бејрут.
Веб-страницата на меѓународниот аеродром Рафик Харири во Бејрут објави дека 15 појдовни и 29 влезни летови биле откажани од различни авиокомпании, вклучително и Катар ервејс и авиокомпании од Обединетите Арапски Емирати и Турција, пренесува Ројтерс.
Германската авиокомпанија Луфтханза ги прекина летовите за Бејрут до 26 октомври.
Свет
(Видео) Кан под вода, улиците како реки
Силно невреме предизвика поплави и значителна материјална штета во францускиот град Кан, но нема повредени.
Обилните врнежи предизвикаа поројни поплави, а водата влезе во подруми, гаражи и продавници, а затворени се и сите училишта во градот, јавува БФМТВ.
Градоначалникот на Кан, Дејвид Линар изјави дека нема предупредување ниту од префектурата, ниту од националните метеоролошки служби, кои не го предвидоа вчерашното невреме.
In France, the streets of Cannes turned into rivers this morning following torrential rain 🌊👀pic.twitter.com/iQ7cZ4B9Qw
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 23, 2024
Тој објави на Фејсбук дека службите на градот Кан добиле предупредување од државата „еден час по невремето“.
Линар потврди дека многу брзо е формиран кризен штаб и дека итните служби ја санирале штетата на терен, пренесе Ројтерс.
Регион
Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ
Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ (2) во селото Бањско Поље кај Бор, дознава Нова.рс.
Обвинението е доставено до Вишиот суд пред неколку минути.
Двајцата се обвинети дека со автомобил на јавното комунално претпријатие „Водовод“ удриле девојче, а потоа ја задавиле и ѝ го сокриле телото на позната локација.
Случајот на Данка Илиќ првпат во Србија го активира системот „Најди ме“.