Свет
Бајден до Трамп: Нема да ме уништиш
 
																								
												
												
											Неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп го опиша Џо Бајден како ладнокрвен и нечесен, фаворитот за демократски претседателски кандидат на изборите во 2020 година му порача на претседателот дека нема да го уништи.
„Сакам да им разјаснам на Трамп, на неговите луѓе во сенка и на сите што имаат посебен интерес во финансирањето на нападот врз мене. Не одам никаде. Нема да ме уништите и нема да го уништите моето семејство“, рекол Бајден.
„Не ме интересира колку пари ќе потрошите или колку валкани ќе станат нападите“, порача Бајден, кој води во истражувањето на јавното мислење меѓу 19 демократи, кои се натпреваруваат за партиска номинација, за да му се спротивстават на Трамп на претседателските избори в година.
Неговиот одговор следува по низата твитови на Трамп, во кои ја осуди истрагата за отповикување што се води против него поради телефонскиот разговор со украинскиот претседател кога го повикал да го истражи Бајден и неговиот син Хантер, кој работеше во Управата за украинска енергетска компанија додека Бајден беше американски потпретседател.
Демократите го обвинија Трамп за вршење притисок над Украина поради сопствена политичка корист.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Свет
Европската Комисија: Новите тестови на оружје на Русија не се чекори во вистинската насока
 
														Тестирањето на ракетата „Буревестник“ и торпедото „Посејдон“ од страна на Русија не е чекор во вистинската насока, изјави портпаролката на Комисијата, Анита Хипер.
„Ако тие навистина се нуклеарни, тие би можеле да шират радиоактивни супстанции“, додаде таа.
„Ова уште еднаш покажува дека наместо да избере мир, Русија продолжува со ескалацијата со својата реторика и дејствија“, додаде Хипер.
На прашањето дали овие обиди се закана за Европа, таа одговори дека Русија воопшто е закана за европската безбедност.
На прашањето за најавената намера на американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со нуклеарните тестирања, што не е направено од 1990-тите, таа рече дека досега не е откриен таков обид од страна на САД и дека двете земји не треба да се изедначуваат.
Свет
„Фајненшл тајмс“: По напнат телефонски разговор бил одложен состанокот помеѓу Трамп и Путин
 
														САД го откажаа планираниот самит меѓу претседателот Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин поради цврстиот став на Москва за условите околу Украина, објави „Фајненшел тајмс“.
Одлуката уследила по напнат телефонски разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по кој Рубио го информирал Трамп дека Русија не покажува подготвеност за преговори.
Самитот требаше да се одржи во Будимпешта, но Москва инсистирала на барања кои вклучуваат територијални отстапки од Украина, намалување на украинската војска и гаранции дека земјата никогаш нема да се приклучи на НАТО.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека Киев е подготвен за мировни разговори, но нема да ги повлече трупите од дополнително ослободените територии, како што бара Москва
Европа
Автомобил експлодираше во Русија: загина офицер од единицата што го изврши масакрот во Буча
 
														Во експлозија на автомобил во регионот Кемерово во Русија загина рускиот полициски потполковник Венијамин Мажерин, член на единица поврзана со воени злосторства извршени во близина на Киев во 2022 година. Украинската служба за одбрана и разузнавање (ХУР) ја презеде одговорноста за неговото убиство, која објави и видео од запаленото возило.
Според соопштението на ХУР, Мажерин, роден во 1980 година, бил зад воланот кога експлодирало неговото возило. Тој служел во специјалната единица ОМОН „Оберег“, која е дел од Росгвардија (Национална гарда) на Русија за регионот Кемерово.
Разузнавачката агенција вели дека „Оберег“ е една од неколкуте единици на Росгвардија поврзани со злосторства извршени во регионот Киев за време на неуспешната офанзива на Русија врз украинскиот главен град во февруари и март 2022 година.
Во тој период, руските сили окупираа бројни градови и места, вклучувајќи ги Буча, Ирпин и Хостомел, оставајќи зад себе ужасни сцени по нивното повлекување.
Откако руските трупи се повлекоа кон крајот на март и почетокот на април 2022 година, украинските власти и меѓународните набљудувачи документираа докази за систематски воени злосторства против цивили. Според украинската национална полиција и Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права, повеќе од 1.000 цивилни тела се пронајдени во регионот на Киев, од кои околу 450 само во Буча.
Украинските и меѓународните истражители известија дека многу од жртвите имале знаци на егзекуции по кратка постапка, тортура и убивање. Телата биле пронајдени со врзани раце, со прострелни рани од блиску и со докази за тешка физичка злоупотреба.
фото: принтскрин


 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
									 
																	 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											