Свет
Бајден за уривањето на мостот во Балтимор: Бројот на исчезнатите може да се промени, владата ќе ги плати трошоците за поправка
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека судбината на исчезнатите во несреќата може да се промени и дека владата ќе ги плати трошоците за поправка на мостот што се урна во Балтимор.
Тој го нарече уривањето на мостот „страшен инцидент“ и рече дека лично бил над мостот Френсис Скот Ки „многу, многу пати“ додека патувал од неговата родна држава Делавер.
Бајден вели дека официјалните лица проценуваат дека осум лица се водат за исчезнати и додава дека оваа бројка може да се промени.
Федералната влада ќе ги плати трошоците за поправка на мостот, рече Бајден, но додаде дека ќе бара членовите на Конгресот да ги одобрат трошоците, пренесува Би-Би-Си.
Претседателот вели дека од витално значење е мостот што поскоро да биде пуштен во употреба.
Пристаништето во Балтимор, вели тој, е еден од најголемите бродски центри во земјата.
„Минатата година управуваше со рекордно количество товар. Тоа е и најголемото пристаниште во Америка и во однос на увозот и извозот на автомобили“, вели тој, додавајќи дека годишно низ пристаништето минуваат 800.000 возила.
Тој исто така вели дека 15.000 работни места „зависат од тоа пристаниште и ќе направиме се што можеме за да ги заштитиме тие работни места“.
Бајден вели дека операцијата за пребарување и спасување на исчезнатите е „главен приоритет“ во моментов, а војската е на терен за да започне со отстранување на остатоците.
„Армискиот инженерски корпус ќе ги води напорите за расчистување на каналот“, вели тој, додавајќи дека ќе оди во Балтимор.
Полицијата трага по исчезнати лица откако рано утринава се урна мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, откако во него удри товарен брод.
Локалната полиција навела дека температурата на водата во моментот на уривањето на мостот била околу -1 степен Целзиусов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

