Свет
Бајден – Макрон: Треба да се провери најавата на Москва за повлекување на руските сили

Американскиот претседател Џозеф Бајден и францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор ја потврдија својата поддршка за дипломатскиот пат во украинската криза.
Тие се согласија дека е неопходно да се провери најавата на Москва за почеток на повлекување на руските сили околу границата со Украина.
Според Белата куќа, двајцата претседатели синоќа разговарале и за подготвеноста на Западот да ѝ наметне тешки последици на Москва поради нејзиното воено зајакнување на границата со Украина, пренесува „Ројтерс“.
Макрон и Бајден во телефонски разговор се договориле дека е неопходно да се провери руската најава за почеток на повлекување на руските сили околу границите со Украина, што тие го оценија како охрабрувачки сигнал, соопшти Елисејската палата.
Според француското претседателство, во разговорот што траел околу еден час двајцата лидери потврдиле и дека остануваат во целосна координација со рускиот претседател Владимир Путин.
Русија вчера соопшти дека некои од нејзините војници се враќаат во базите по вежбите во близина на Украина, а американскиот претседател Бајден им рече на новинарите дека сè уште постои можност за руски напад и извештаите дека некои руски војници се повлекуваат од руско-украинската граница, но САД не го потврдиле тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.