Свет
Бајден: Нова воена помош за Украина од три милијарди долари
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска најави дека Вашингтон ќе испрати нова воена помош за Украина во износ од речиси три милијарди долари, што ќе ѝ овозможи на таа земја да се бори „во годините што доаѓаат“.
Во изјавата, Бајден изјави дека помошта од 2,98 милијарди долари ќе ѝ овозможи на Украина да купи системи за противвоздушна одбрана, артилериски системи и муниција, беспилотни летала и друга опрема „за да може да се брани долгорочно“, пренесува АП.
На 2 февруари Вашингтон додели 10 милијарди и 600 милиони долари воена помош за Киев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.