Свет
Бајден: Путин е агресор, за ова предупредуваме со месеци – тој и неговата земја ќе ги сносат последиците
„Руската армија почна агресивен напад врз Украина“, изјави американскиот претседател Џо Бајден во своето обраќање до нацијата.
„Ова е напад со предумисла“, истакна тој.
„Со недели предупредуваме дека тоа ќе се случи, со недели“, рече Бајден додавајќи дека руската влада извршила сајбер- напади врз Украина и дека нападот е целосно неиспровоциран и неоправдан.
„Путин е агресорот. Тој ја избра оваа војна и сега тој и неговата земја ќе ги сносат последиците“.
„Денеска, одобрувам дополнителни силни санкции и нови ограничувања за тоа што може да се извезе во Русија“.
Тој вети дека нападот скапо ќе ја чини Русија.
„Намерно ги склучивме овие санкции за да ги максимизираме долгорочните последици за Русија и минимумот за САД и нивните сојузници“.
„Сакам да бидам јасен. САД не се сами во ова. Изградивме коалиција на партнери, кои претставуваат половина од глобалната економија“.
Американскиот претседател претходно во изјавата во средата вечерта, по експлозиите во Украина, го осуди неиспровоцираниот и неоправдан напад на руските воени сили врз соседната земја.
Во пресрет на обраќањето до нацијата по почнувањето на инвазијата на Украина, Бајден вети дека ќе воведе деструктивни пакет-санкции за Москва.
Обраќањето беше одложено за речиси еден час поради повикот што траеше повеќе од еден час меѓу Бајден и лидерите на Г7.
По повикот, Бајден твитна дека се договориле за санкции против Русија. Лидерите на Г7 остро ја осудија руската инвазија на Украина и најавија воведување остри и координирани економски и финансиски санкции против Москва.
Висок функционер во неговата администрација рече дека САД и нивните сојузници планираат да воведат целосни санкции в четврток за кои се разговараше пред неколку недели како одговор на нападот, објави Си-ен-ен.
Во текот на ноќта ескалира кризата во Украина. Рускиот претседател Владимир Путин најави почеток на специјална воена акција, а потоа во Украина почнаа да пристигнуваат извештаи за гранатирање, која набргу објави дека почнала инвазија на нејзината територија.
Исто така, има сѐ повеќе информации дека руската армија ја презела нуклеарната централа „Чернобил“, која се наоѓа недалеку од границата со Белорусија.
Првите процени од Вашингтон покажуваат дека ова е почеток на целосна руска инвазија, според официјални лица запознаени со најновите разузнавачки информации, пренесува Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.
Европа
Во Англија извикал „Алах Акбар“ и убил случаен минувач: „Го направив тоа за луѓето од Газа“
45-годишниот Ахмед Алид вчера беше прогласен за виновен за убиство и обид за убиство. На 15 октомври минатата година, барател на азил од Мароко со нож го уби 70-годишниот Теренс Карни во центарот на англискиот град Хартлпул. Тој претходно го избодел со нож својот заспан цимер Џавед Нури додека викал „Алах Акбар“.
Алид и рекол на полицијата дека сето тоа го направил „за луѓето од Газа“. Само осум дена пред да убие случаен минувач и да го рани својот цимер, милитантите на Хамас го нападнаа Израел. Алид се заколнал дека ќе убиел повеќе луѓе доколку имал митралез и друго оружје, изјави обвинителот Џонатан Сендифорд во Судот во Тесајд.
Алид делел куќа со други баратели на азил во североисточна Англија. Тој бил вознемирен што Нури го прифатил христијанството. Цимерите рекле дека Алид почнал да носи нож откако на телевизија видел прилог за настаните во Газа.