Свет
Бајден: САД никогаш нема да дозволат Иран да добие нуклеарно оружје
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден, му пренел на израелскиот премиер Жаир Лапид дека Америка никогаш нема да дозволи Иран да добие нуклеарно оружје.
„Во текот на разговорот претседателот истакна дека Америка е посветена никогаш да не дозволи Иран да добие нуклеарно оружје“, соопшти Белата куќа, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
На задоволство на Израел, поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја повлече Америка од нуклеарниот договор со Иран во 2018 година и воведе строги санкции кон Техеран, пренесува медиумот.
Британската новинска агенција додава дека оживувањето на нуклеарниот договор од 2015 година се чинеше како однапред завршен заклучок во март, но во директните разговори меѓу Техеран и Вашингтон имало несогласувања за неколку прашања.
Меѓу нив е и инсистирањето на Техеран, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да не ги испитува трагите од ураниум пронајдени на три непријавени места, каде што не би требало да биде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Штрајк на државните службеници во Грција: бараат повисоки плати поради високите цени
Синдикатот на државните службеници на Грција (АДЕДИ) од утрово е во еднодневен штрајк со барање за зголемување на платите за 10 отсто поради високите цени, бидејќи некои нови цени во Грција се драстично повисоки од цените на истите производи на други места во ЕУ.
По генералниот штрајк на сите синдикати на крајот на февруари, Конфедерацијата на вработени во приватниот сектор (ГСЕЕ) во април имаше 24-часовен штрајк од истите причини.
Во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, премиерот Киријакос Мицотакис побара „повеќе транспарентност“ на единствениот пазар на ЕУ, укажувајќи дека тоа е еден од приоритетите на граѓаните пред изборите за европратеници на 9 јуни.
„Клучно е“ „ЕУ да докаже дека е способна да ги постави вистинските приоритети“, вклучително и заштита на потрошувачите пред високите цени, напиша Мицотакис во писмото испратено во саботата и објавено во понеделникот.
Мора да се преземат храбри мерки за да се обезбеди единствениот пазар да функционира со поголема конкуренција и транспарентност во корист на потрошувачите“, посочи Митотакис три недели пред евроизборите.
Соочен со незадоволството на граѓаните во Грција, тој бара Брисел „одлучно, брзо и ефикасно да интервенира“ за да се регулира единствениот пазар.
Според него, „неодамнешната инфлаторна криза доведе до значително намалување на куповната моќ на европските граѓани и ја истакна асиметричната моќ на мултинационалните компании во однос на диференцирање на ценовните политики“.
Куповната моќ и инфлацијата се главните грижи на Грците пред европските избори.
Според Мицотакис, во одредени земји како Грција, основните производи за широка потрошувачка се продаваат поскапо отколку во другите земји на ЕУ поради „територијалните ограничувања за снабдување наметнати од големите мултинационални компании“.
Станува збор за тоа што големите мултинационални компании се договориле да ги приспособат цените според големината на пазарот во земјата, а тие се пониски на големите пазари бидејќи таму имаат конкуренција, а повеќе на малите каде што има помала конкуренција.
Митотакис предлага мерки за „спречување на политиката на одредени мултинационални компании да продаваат исти или слични производи за широка потрошувачка под различни брендови во различни земји-членки, што им овозможува да имаат различни цени“ и повикува на „забрана на нефер комерцијалните практики“.
Во април потрошувачките цени во Грција пораснале за 3,1 отсто, во споредба со истиот месец лани, при што цените на храната пораснале за 5,4 отсто – покажуваат податоците на грчката статистичка служба „Елстат“.
Високите трошоци за живот го зголемија социјалното незадоволство во Грција, каде според европската статистичка служба на ЕУ, „Евростат“, платите се само на 21 место меѓу 27-те земји од ЕУ.
Свет
Катар: Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците во мирување
Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците на Израел и Хамас сè уште се во мирување, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал-Ансари.
Во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да побара налог за апсење на израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху, како и на тројцата лидери на Хамас, Ал Ансари рече дека е прерано да се коментира директно.
Тој сепак нагласи дека сите држави и организациите што се одговорни за смртта на цивилното население треба да сносат одговорност, пренесува „Ројтерс“.
Свет
Сергеј Лавров: Зеленски со речиси хистеричен тон побара поддршка за неговата формула за мир
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, за време на разговорот со странските амбасадори во Киев за мировната конференција во Швајцарија, со повишен глас, „речиси хистерично“ побара поддршка за неговата мировна формула, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„На крајот на април, зборувајќи пред странските амбасадори во Киев за швајцарската идеја за конференција, според некои учесници, Зеленски поголемиот дел од времето го поминувал хаотично во импровизирање со повишен, речиси хистеричен тон, барајќи поддршка за својата формула за мир како средство за фрлање на Русија на колена“, рече Лавров на прес-конференцијата по министерскиот совет на Шангајската организација за соработка (ШСО) во Казахстан.
Шефот на руската дипломатија истакна дека „личноста која не чувствува потреба да се контролира, почнува да ја кажува вистината“, што укажува дека Москва има можност да добие информации кои „вообичаено не се за објавување“, пренесува РИА Новости.