Свет
Бајден смирува: Не грижете се, мајмунските сипаници не би требало да предизвикаат пандемија како Ковид-19
Американскиот претседател Џо Бајден им порача на граѓаните дека е мала веројатноста сегашната епидемија на мајмунски сипаници да предизвика пандемија со размери како од Ковид-19.
„Едноставно, мислам дека не треба да не загрижува како Ковид-19. САД имаат доволно резерви вакцина против сипаници, па затоа треба да ја потиснеме епидемијата. Сепак, треба да бидеме внимателни“, рече Бајден денеска во Токио за време на заедничката конференција со јапонскиот премиер Фуми Кишид.
Реткиот и потенцијално смртоносен вирус на мајмунски сипаници му припаѓа на семејството крупни сипаници и досега обично се ширеше во регионите на Африка. Но, во последните неколку недели случаи на инфекција почнаа да се појавуваат ви Европа и САД, пишува „Блумберг“.
Д-р Ашиш Џа, координатор на Ковид-19 во Белата куќа, синоќа рече дека нема да биде изненаден доколку се појават уште неколку случаи на инфекција во наредните денови, но дека вирусот не е толку заразен како Ковид-19 и се шири поинаку.
„Уверен сум дека ќе можеме да го контролираме“, рече Џа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

