Свет
Бајден со изјавата за мал продор на Русија предизвика шок во Украина
Американскиот претседател Џо Бајден се чини дека го поткопа единството во алијансата велејќи дека одговорот на Западот можеби не е единствен доколку Русија направи само мал пробив во Украина, што сугерира дека санкциите на НАТО кон Русија би можеле да зависат од размерите на рускиот напад врз Украина.
„Едно е ако тоа е мал пробив“, рече Бајден. „Но, ако навистина го направат она за што се способни вооружените сили распоредени по должината на границата, тогаш тоа ќе биде катастрофа за Русија“, додаде Бајден.
Американската телевизија Си-ен-ен тогаш цитира неименуван извор од украинската влада, кој рече дека е шокиран од фактот што американскиот претседател Бајден прави разлика помеѓу ограничена пенетрација и масовен упад во земјата. Веднаш реагира и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој потсети на големите сили дека нема помали пробиви и мали нации.
Таа изјава предизвика сомнеж кај сојузниците на САД дека Вашингтон е подготвен да му даде простор за маневрирање на Путин за да избегне инвазија од големи размери. Орисија Луцевич, украински тинк-тенк аналитичар во „Чатам-хаус“ во Лондон, рече дека состанокот во Женева е шанса да се разјаснат коментарите на Бајден.
„Се надеваме дека Блинкен ќе може да ги разјасни несигурноста и нејаснотијата што произлегуваат од изјавите на Бајден доколку има дозвола да го стори тоа“, рече Луцевич.
Москва постојано ги предупредува САД и Западот да не ја вооружуваат Украина. Од нападот на Русија врз Украина и анексијата на Крим во 2014 година САД потрошиле вкупно 2,5 милијарди долари таму за воена опрема и обука.
Водечките дипломати од Русија и САД денеска во Женева ќе разговараат за растечките тензии во врска со Украина откога серијата состаноци меѓу официјални претставници на двете страни досега не дадоа резултати.
Американскиот државен секретар Антони Блинкен со рускиот колега Сергеј Лавров ќе се обиде да ги ублажи тензиите со Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.