Свет
Безос замина од лидерската позиција на „Амазон“

Џеф Безос ја напушти челната позиција во „Амазон“, соопшти компанијата.
Како што се наведува, тој ќе премине на местото извршен претседател на бордот директори на компанијата. Безос во писмо до вработените во „Амазон“ објави дека во иднина ќе се фокусира на нови производи и рани иницијативи.
A message from Jeff Bezos to Amazon employees earlier today. https://t.co/W5I99qCJrZ
— Amazon News (@amazonnews) February 2, 2021
„Да се биде извршен директор на ‘Амазон’ е голема одговорност и е многу напорно. Кога имате таква одговорност, тешко ќе го насочите вниманието на што било друго“, наведе тој.
Безос изјави дека и понатаму ќе учествува во важни иницијативи во „Амазон“, како и дека планира повеќе да се посвети на филантропијата и другите интереси, како весникот „Вашингтон пост“ и „Блу Ориџин“.
На негово место доаѓа Енди Џеси, кој работи во „Амазон“ од 1997 година и ги води веб-услугите на компанијата. Безос ја основа „Амазон“ во 1994 година и тогаш од е-книжарница ја претвори во мегаонлајн-трговија на мало, која продава и испорачува разни производи во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
По масовните руски напади, десетици градови и села во јужниот украински регион Одеса останаа без струја

Десетици градови и села во јужниот украински регион Одеса, на брегот на Црното Море, останаа без електрична енергија по масовни руски напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска локалните власти.
Штета е нанесена на енергетската инфраструктура во градот Одеса и околниот регион, според службите за цивилна заштита и јавниот обвинител. Во регионалниот главен град, избувнале пожари во енергетски објект и во трикатна зграда што припаѓала на хотелско-ресторански комплекс. Една жена била повредена, а две лица биле спасени, пренесе ДПА. Вкупно 41 населено место во регионот останало без електрична енергија.
Владата во Киев ја обвинува Русија дека ги напаѓа енергетските објекти за да го лишат населението од светло и греење пред почетокот на зимата. Според Киев, овие напади имаат за цел да ја притиснат украинската власт да прифати мировен договор под услови на Москва, што Украина го одбива, нагласувајќи дека нема да се предаде. Истовремено, Украина ги обнови своите напади врз цели во Русија во текот на ноќта, во обид да ја одбие инвазијата што Русија ја почна во 2022 година.
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека 42 украински дронови биле соборени, најголемиот дел во јужниот регион Волгоград. Во градот Волгоград, делови од соборен дрон паднале врз станбени згради, училишта и градинка, изјави гувернерот Андреј Бочаров. Скршени се прозорци, а еден маж е повреден, додаде тој. Регионалните здравствени власти соопштија дека тројца деца биле пренесени во болница поради стрес.
Свет
Латвија им нареди на 841 Русин да ја напуштат земјата поради кршење на законите за јазик и престој

Латвија им нареди на 841 Русин да ја напуштат земјата поради кршење на законите за јазик и престој. Во петокот беше објавено и дека Естонија, Латвија и Литванија подготвуваат планови за масовни евакуации во случај на руски напад, бидејќи загриженоста за националната безбедност расте.
Да се напушти земјата до 13 октомври
Латвија им нареди на 841 руски државјани да ја напуштат земјата до 13 октомври, велејќи дека не ги исполниле новите услови за престој, кои вклучуваат докажување на основни познавање на летонскиот јазик и положување безбедносни проверки, објави Политико.
Одлуката следува по низа законски измени што ги заострија правилата за руските граѓани кои сакаат да останат во балтичката држава.
Законски промени по руската инвазија на Украина
Латвија воведе измени во својот закон за имиграција во 2022 година, по руската инвазија на Украина, и дополнително ги заострија во 2024 година. Според новите правила, руските граѓани мора да добијат статус на долгорочен жител на ЕУ, да покажат познавање на летонскиот јазик на ниво А2 и да поминат безбедносни проверки и проверки на биографијата до 30 јуни 2025 година, за да можат легално да останат во земјата.
Околу 30.000 Руси се погодени од новите мерки
Службениците проценуваат дека околу 30.000 руски граѓани се погодени од новата политика, додека околу 2.600 доброволно ја напуштиле Латвија, според извештајот на Политико. Останатите мора или да ги исполнат условите или да заминат.
Канцеларијата за државјанство и миграција (OCMA) потврди дека 841 лице го пропуштило рокот за поднесување на потребните документи и официјално е известено дека мора да ја напушти земјата до 13 октомври.
„Само кога ќе им престанат пензиите, сфаќаат дека нешто не е во ред“
Зборувајќи во емисијата „Де факто“ на Латвиската телевизија, директорката на OCMA, Мајра Розе, рече дека многу Руси дури и не биле свесни дека законот се променил сè додека не го изгубиле правото на државни бенефиции.
Свет
Крипто пазарот доживеа историски пад, 1,4 милиони инвеститори во паника

Крипто пазарот доживеа историски пад во петокот, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе 100-процентни царини на кинескиот извоз и ќе воспостави строги контроли на извозот на критичен софтвер, како одговор на ограничувањата што Кина ги воведе за ретките земни метали.
Само неколку часа по изјавата на Трамп, Биткоинот се урна под 110.000 долари, што претставува пад од над 12% во рок од 24 часа. Според податоците на „CoinGlass“, крипто трговците кои се обложуваа на раст на пазарот изгубија над 7 милијарди долари, при што се случија масовни ликвидации на позиции во вкупна вредност од 7,5 милијарди долари – најголем еднодневен колапс во историјата на дигиталните средства.
Најголеми загуби се забележани кај Биткоин (1,83 милијарди долари), Етереум (1,68 милијарди), Солана (614 милиони) и XRP (432 милиони). Ликвидациите на пазарот, односно присилното затворање на позициите кога трговците не можат да ги покријат загубите, доведоа до исчезнување на повеќе од 9 милијарди долари од крипто пазарот во рок од еден ден.
Пазарните аналитичари од „Valuermarket“ оценуваат дека ова е најголемата еднодневна ликвидација во историјата на дигиталните средства и предупредуваат дека може да следи нов бран нестабилност ако трговската војна меѓу САД и Кина продолжи да се заострува.