Свет
Безос понуди 2 милијарди долари за да се врати во трка за Месечината
Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, понуди да ги покрие трошоците на НАСА во износ од 2 милијарди долари, со цел американската вселенска агенција да го преиспита потпишувањето на договор со него за изградба на возила за слетување на Месечината.
За потсетување, НАСА во април им го додели договорот на Елон Маск и неговата компанија „Спејс Икс“ и ја одби понудата на Безос.
Договорот предвидува изградба на систем за слетување што би ги донел астронаутите на Месечината најрано во 2024 година, пренесува Би-Би-Си. Иако се очекуваше двете компании да соработуваат во проектот, НАСА може да го додели договорот само на една поради недостаток на средства.
Од 3,3 милијарди долари што ги побара од Конгресот, НАСА доби само 850 милиони долари за да изгради возило за да слета на Месечината. Безос рече дека со неговата компанија ќе го надмине недостатокот на буџетско финансирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Украина лансираше моќно оружје кон срцето на Русија, затворени аеродроми поради масовен напад
Украина рано утринава лансираше најмалку 25 беспилотни летала во Москва, што е најголемиот напад со украински беспилотни летала до сега. Поради нападот привремено беа затворени два аеродроми во главниот град на Русија.
Градоначалникот Сергеј Собјанин изјави дека 12 беспилотни летала се уништени во областите Раменское и Коломенски во Московската област, како и во градот Домодедово, југозападно од Москва.
⚡️ Explosions were heard in the russian city of Bryansk last night due to a drone attack and a fire broke out, — according to russian media.
The governor of the Bryansk region, Bogomaz, claims that 14 UAVs were allegedly shot down and says that "there are no casualties or… pic.twitter.com/40Py3td69b
— BLYSKAVKA (@blyskavka_ua) November 10, 2024
– Во тек е масовен напад – рече тој и додаде дека досега се уништени 22 беспилотни летала кои се движеле кон Москва.
Собјанин на каналот Телеграм напиша дека, според прелиминарните податоци, нема жртви или уништување на местата каде што паднале остатоците од беспилотните летала.
Суспендирани летови на два аеродроми во Москва
На аеродромите Домодедово и Жуковски во Москва летовите беа привремено прекинати поради напади со украински беспилотни летала, додека аеродромот Внуково работеше нормално.
Руските системи за противвоздушна одбрана претходно соборија 23 украински беспилотни летала над четири региони на Русија во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана, пренесе РИА Новости.
I could not refuse myself posting every single video of Ukrainian drones flying in the sky over Ramenskoye, Domodedovo and Kolomna near Moscow.
I personally think that having passenger airports finctional during the war in russia is an unnecessary luxury. https://t.co/BtjbNwUYYf pic.twitter.com/PEygVDgTYK— Olga Klymenko (@OlgaK2013) November 10, 2024
– Системите за противвоздушна одбрана пресретнаа и уништија 23 украински беспилотни летала: 17 над територијата на регионот Брјанск, три над територијата на Ростовската област, два над регионот Белгород и еден над регионот Курск – се вели во соопштението.
Во Брјанск нестанбени згради се запалија поради напад со дрон, изјави шефот на регионот Александар Богомаз.
Свет
Борел: ЕУ работи на 15-тиот пакет санкции против Русија, целта е изолација
Европската унија работи на 15-тиот пакет санкции против Русија, кои ќе ги зајакнат мерките против заобиколувањето на постоечките санкции, со цел да се изолира руската индустрија од увозот, најави шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој разговараше со украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибих во Киев.
„Спомнав санкции на почетокот на нашиот разговор. Да, работиме на 15-тиот пакет против Русија, со цел да воведеме мерки против заобиколување на санкциите бидејќи Русија не може да произведува без странски делови, странски чипови и други компоненти“, рече Борел, објави веб-страницата на Европската унија.
Тој додаде дека целта на санкциите е да се изолира индустрискиот капацитет на Русија од компонентите што треба да ги увезат од остатокот од светот.
Свет
(Фото+видео) Над 130.000 Шпанци на протест поради лошата реакција на катастрофалната поплава
Над 130 илјади Шпанци протестираа синоќа во Валенсија барајќи оставка од регионалниот претседател Карлос Мазон поради лошата реакција на минатонеделните катастрофални поплави, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, а околу 100 луѓе се водат како исчезнати. Демонстрантите го исполнија центарот на источниот шпански град и извикуваа „Убијци! Ние сме извалкани со кал, вие сте извалкани со крв“.
Демонстрантите ги обвинија локалните власти дека предоцна издале предупредување за поплави.
Дел од присутните се судрија со полицијата кон крајот на демонстрациите.
Полицијата употреби палки за да принуди некои демонстранти да се вратат назад.
Сликите покажуваат дека Градското собрание на Валенсија е измачкано со кал, додека новинската агенција Ројтерс известува дека демонстрантите фрлаат столици и други предмети.
Голем дел од учесниците на протестната прошетка носеа транспаренти и скандираа „Мазон, оставка!“, Други носеа натписи со пораки како „Не’ убивте!“.
130.000 people in Valencia demonstrating for justice and dignity tonight. And demanding the resignation of the right-wing politician Carlos Mazon, head of the government of Valencia.pic.twitter.com/d74IoJCJjg
— SUPPORT ❤ democracy & STOP the global 🌎 far-right (@bkbabler24) November 9, 2024
Мазон е под огромен притисок откако неговата администрација не издаде навремени предупредувања за поплави до граѓаните, кои започнаа ноќта на 29 октомври.
Беа потребни денови за официјалните лица да го мобилизираат военото и полициското засилување што регионалната влада ги побара од централните власти.
Официјалната бројка на загинати е 220, а потрагата по телата на исчезнатите се уште е во тек. Илјадници други ги загубија своите домови и улици се уште се покриени со кал и шут 11 дена по поплавите.
Товарот за чистење на градот и неговата околина падна на волонтерите, меѓу кои беше и тенискиот великан Рафаел Надал, како и многу други познати личности.