Свет
Белата куќа ги отфрла критиките за акцијата во Јемен
Белата куќа категорички ги отфрли во средата сите критики поради операцијата којашто американските специјални единици ја изведоа во Јемен пред десет дена и во која според извештаите загинале повеќе цивили, оценувајќи дека тоа би било навреда за американскиот војник кој го загуби животот во таа акција.
Американските специјалци ја изведоа операцијата во место коешто беше заземено од, според процените на безбедносните стручњаци, една од најопасните џихадистички ќелии ткн Ал Каеда на арапскиот полуостров (AQPА) Тоа е првата поголема воена операција којашто ја нареди новиот претседател Доналд Трамп и заврши фатално за еден американски војник и неколку жени и деца кои биле во куќите со борците и командантите на Ал Каеда.
„Акцијата во Јемен беше голем успех. Американски животи ќе бидат спасени благодарејќи на неа (…), а напади ќе бидат спречени. Да се тврди спротивното, би значело да се фрли дамка врз херојството (на загинатиот војник) и точка“, истакна портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.
Агенцијата AFP во својот извештај наведува дека Спајсер не одговорил директно дека Јемен одлучил да ги забрани американските борбени операции на својата територија.
„Јемен повеќе од која и да е друга земја ја разбира нашата борба со групата Исламска држава и мислам дека и натаму ќе соработуваме со нив за да ги зајакнеме нашите дипломатски врски“, изјави Спајсер, но очигледно мислејќи на Ал Каеда.
Претседателот Доналд Трамп пред една седмица ја посети воената база Довер во Делавер каде го дочека ковчегот со посмртните остани на Вилијам „Рајан“ Овенс, 36-годишниот американски војник го почина од повредите здобиени во таа операција./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пукање во Турција: убиени тројца полицајци и шест членови на ИСИС
Тројца турски полицајци беа убиени, а девет други ранети во размена на оган со членови на терористичката група Исламска држава за време на антитерористичка операција во покраината Јалова, соопштија властите.
Судирот се случил околу 3 часот наутро по локално време, кога полицијата извршила рација во куќа во селото Елмалик, на околу девет километри од центарот на Јалова на северозападниот дел од земјата. Се претпоставувало дека членови на Исламска држава престојуваат во куќата.
Осомничените отвориле оган кога полицијата се приближила. Според достапните информации, шест членови на Исламска држава биле убиени во судирот. На ранетите полицајци им била укажана медицинска помош во Болницата за обука и истражување во Јалова.
Специјалните сили од соседната провинција Бурса исто така беа вклучени во операцијата, а безбедноста околу местото на настанот беше дополнително засилена. Наставата беше прекината во пет блиски училишта, а патиштата што водат до куќата беа затворени.
Турскиот регулатор за електронски медиуми воведе привремена забрана за известување за инцидентот, со упатства за објавување само официјални информации. Операцијата доаѓа во време кога турските власти ги засилија антитерористичките напори пред новогодишните прослави, по предупредувањата од разузнавањето за можни напади од страна на Исламската држава.
На 25 декември, полицијата во Истанбул приведе 115 осомничени членови на Исламската држава во рации на 124 локации по дојава дека групата планира напади за време на прославите на Божиќ и Нова Година. Издадени се налози за апсење за 137 лица, а полицијата заплени оружје и муниција. Потрагата по преостанатите 22 осомничени е во тек.
Фото: depositphotos.com
Свет
(Видео) Израелската армија доби ново моќно оружје – „Железниот зрак“
Израелското Министерство за одбрана објави дека првиот оперативен систем за пресретнување на ракети со ласер со голема моќност, развиен од „Рафаел Адвансд Дифенс Системс“, е испорачан на армијата вчера. Системот се нарекува „Железн Зрак“.
Системот, кој успешно пресретна ракети, минофрлачки гранати и беспилотни летала за време на обемни тестирања, ќе биде преземен од воздухопловните сили и интегриран во повеќеслоен систем за воздушна одбрана, заедно со постојните системи „Iron Dome“, „David’s Sling“ и „Arrow“.
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, го нарече предавањето „историски момент“, велејќи дека тоа е „прв пат во светот систем за пресретнување со ласер со голема моќност да достигне оперативна зрелост“. Тој додаде дека системот „ги менува правилата на играта и испраќа јасна порака до сите непријатели – не нè искушувајте“.
Генералниот директор на Министерството за одбрана, Амир Барам, изјави дека испораката „означува премин од фазата на развој кон сериско производство“, нарекувајќи го „Железниот зрак“ „само почеток на технолошка револуција“. Тој нагласи дека се очекува системот значително да ги подобри одбранбените способности на Израел, но и односот на трошоците помеѓу заканите и скапите пресретнувачи.
Свет
(Видео) Камерите ја уловија реакцијата на Зеленски на изјавата на Трамп дека Путин сака Украина да успее
Камерите ја снимија реакцијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, дека рускиот претседател Владимир Путин „сака Украина да успее“.
По разговорот во одморалиштето Мар-а-Лаго, Трамп и Зеленски одржаа заедничка прес-конференција. Додека повеќето камери беа фокусирани на говорникот, официјалната камера на Белата куќа ги прикажа двајцата лидери во ист кадар, при што беше забележана реакцијата на Зеленски.
Trump:
Russia wants to see Ukraine succeed. It sounds a little strange.
Putin was very generous in his feeling toward Ukraine succeeding. pic.twitter.com/tiBk5lB0nz
— Clash Report (@clashreport) December 28, 2025
На прашање дали Русија би можела, како дел од евентуален мировен договор, да помогне во обновата на Украина, Трамп одговори дека разговарал за тоа со Путин и дека Русија ќе помага. Тој додаде дека Путин бил многу великодушен и дека сака Украина да успее, вклучително и преку енергетска поддршка по ниски цени.
На оваа изјава, Зеленски ги подигна веѓите, ја навали главата и се насмевна.
Трамп изјави и дека со Путин разговарал околу два и пол часа, при што била спомната и нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, која Русија ја зазеде во 2022 година и која моментално не е во функција. Според Трамп, Путин соработува со Украина за повторно активирање на централата и не дозволил таа да биде цел на напади.

