Свет
Белата куќа: Групацијата Вагнер добива оружје од Северна Кореја за војната во Украина
Приватни руски воени платеници од групата Вагнер пресретнале пратка оружје од Северна Кореја наменета за руските сили во Украина, соопшти Белата куќа.
„ Вагнер бара ширум светот добавувачи на оружје за да ги поддржат неговите воени операции во Украина. Можеме да потврдиме дека Северна Кореја минатиот месец му достави на Вагнер противпешадиски ракети и проектили на Русија – изјави Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа, пренесе Гласот на Америка.
САД проценуваат дека количината на оружје испорачана од Северна Кореја нема да ја промени динамиката на војната во Украина. Се очекува Пјонгјанг да и обезбеди повеќе воена опрема на Русија, објави „Ројтерс“.
Експертите и познавачите на оружје тврдат дека Пјонгјанг има произведено балистички ракети кои можат да погодат цели лоцирани каде било на земјата, како и оружје со помал дострел, пренесува британската агенција.
Откако Белата куќа во ноември објави дека Пјонгјанг тајно и доставува значителен број артилериски гранати на Русија, Северна Кореја одговори дека никогаш не правела бизнис со Русија на тој начин и дека нема такви планови.
Кирби, исто така, објави дека рускиот претседател Владимир Путин се повеќе се обраќа кон Вагнер групацијата, која е во сопственост на сојузникот на Путин, Евгениј Пригожин, за помош во Украина.
Инаку, администрацијата на американскиот претседател претстави нови ограничувања за извозот на технологија на групацијата Вагнер во обид дополнително да го усложни нејзиното снабдување.
Кирби рече дека во наредните недели ќе бидат воведени нови санкции против приватната воена компанија, како и кон партиите кои ја поддржуваат во земјите ширум светот.
Групата Вагнер, која вклучува ветерани на руските вооружени сили, се борела и во Либија, Сирија, Централноафриканската Република и Мали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го предупреди Иран да не возвраќа на нападите извршени од САД и Израел.
„Иран штотуку изјави дека денеска ќе удри многу силно, посилно отколку што некогаш удриле претходно“, напиша Трамп на Truth Social.
„Подобро да не го прават тоа“, нагласи тој.
Доколку тоа се случи, САД ќе возвратат „со сила што никогаш претходно не е видена!“, додаде американскиот претседател.
Вчерашните напади беа насочени кон клучни локации каде што се состанувало иранското раководство, при што беа убиени највисоки функционери, вклучувајќи го иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, министерот за одбрана и шефот на Корпусот на исламската револуционерна гарда, соопшти израелската војска.
Нападите, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе според Црвената полумесечина, предизвика одмазднички удари врз Израел и американските воени сили стационирани на Блискиот Исток.
Свет
Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот
Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во американско-израелските напади.
Очевидци во катарскиот главен греад Доха известија дека утрово слушнале неколку силни детонации. Катарскиот информативен канал „Ал-Џезира“ објави за најмалку 11 експлозии во Доха.
Експлозии беа пријавени и во Манама, главниот град на Бахреин. Очевидци известија дека слушнале најмалку четири силни детонации. Во овој контекст, на социјалните мрежи беа споделени слики од погоден и оштетен хотел во Манама. Тие првично не можеа да бидат независно проверени, нагласува ДПА.
Техеран ги нападна американските воени бази во регионот повеќепати по почетокот на вчерашните американско-израелски напади врз Иран.
Во арапските заливски држави има илјадници американски војници.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА

