Свет
Белоруската опозиционерка Колесникова: Ми ставија кеса преку глава и ми се заканија дека ќе ме убијат
Белоруската опизиционерска политичарка Марија Колесникова тврди дека безбедносните сили и` ставиле кеса преку главата и и` се заканувале дека ќе ја убијат.
Тоа се случило кога се обиделе насилно да ја депортираат во Украина претходно оваа недела, се наведува во изјавата што денеска ја поднесе нејзиниот адвокат.
Колесникова навела дека навистина стравува за својот живот, пренесе „Ројтерс“.
„Особено е нагласено дека ако доброволно не ја напуштам Република Белорусија, секако ќе ме протераат, жива или во делови. Имаше и закани дека ќе ме стават во затвор до 25 години“, тврди Колесникова.
Нејзиниот адвокат рекол дека таа поднела кривична пријава против белоруските власти, вклучително и безбедносната полиција – КГБ.
Колесникова, која е истакната лидерка на протестот против повторниот избор на претседателот Александар Лукашенко, спречила обид да биде протерана од земјата така што го искинала пасошот.
Таа моментално е притвор во Минск. Приведена е поради сомнение дека извршила предавство, во рамките на кривичната постапка која вклучува обид за преземање на власта, вчера пренесе „РИА новости“.
Во понеделникот беше објавена неофицијална информација дека истакнатата опозиционерка „исчезнала“, односно дека маскирани лица ја качиле во минибус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.