Европа
Берлинскиот суд ја укина владината одлука за затворање на кафулињата: „Тоа нема смисла ако се носат маски“
Пред нешто повеќе од една недела се случи голема промена во ноќниот живот во Берлин.
Имено, за да се потисне ширењето на коронавирусот, властите одлучија да наложат сите кафулиња, барови, ресторани и клубови да бидат затворени од 23 до 6 часот наутро, што во Берлин не се случило во последните 70 години.
Тоа беше одговор на сојузната влада за порастот на новозаразени лица.
Меѓутоа, како што објави „Гардијан“, берлинскиот Управен суд ја укинал одредбата за ограничување на работното време воведена од градскиот Сенат минатата недела.
Имено, податоците објавени од Институтот „Роберт Кох“, кој е германска агенција за контрола на болестите, покажуваат дека кафулињата се придржувале до наметнатите хигиенски правила и дека тие не придонеле значително за ширењето на инфекцијата во Берлин.
Судот потоа заклучи дека мерката на Сенатот за воведување ограничувања на работното време не е оправдана.
„Одлуката за ограничување на работното време е суспендирана затоа што судот смета дека е непропорционална со оглед на другите мерки што ги преземаме за борба против пандемијата“, се вели во соопштението на судот.
Понатаму, се објаснува дека нема докази оти рестораните и кафулињата, кои се придржуваат до мерките за носење маски и физичко растојание, придонесуваат за ширење на инфекцијата.
Вкупно единаесет ресторани поднеле жалба до судот по донесувањето на одлуката.
Берлинскиот Сенат може да се обиде да поднесе жалба до повисок суд.
Но, вреди да се напомене дека судот во Берлин не е единствениот што донел ваква одлука против владата. Одлуката за забрана за луѓе од германските жаришта да патуваат на друго место кое не е прогласено за жариште, односно таму да преноќат, само ако имаат негативен тест на корона, и тоа не постар од 48 часа, веќе беше одбиена во девет од 19 германски покраини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.