Свет
Бизнисмен од Мајами во станот внел девојка што ја запознал во клуб, се разбудил „олеснет“ за 600.000 долари и два „Ролекса“

Полицијата во Мајами трага по непозната девојка, за која се сомневаат дека дрогирала маж кој го запознала во клуб, а потоа го ограбила.
Му украла накит и часовници во вредност од 600.000 долари, меѓу кои и два Ролекса, пишува „Њујорк пост“.
Полицијата објави видео од девојката која ноќта на 8 мај во клуб го запознала мажот. Ја повикал во неговиот стан, каде што пристигнале во мугрите, околу 5 часот и 30 минути наутро. Двајцата пиеле алкохол, а бизнисменот по една пијачка загубил свест.
Полицијата се сомнева дека девојката го дрогирала. Кога се разбудил околу пладне, повикал полиција бидејќи сфатил дека неговиот сеф е отворен и дека накитот му го нема.
На снимката објавена од полицијата, жената, за која властите веруваат дека е во раните до средината на 30-тите, била снимена со две чаши во рака. Детективите велат дека не било случајно, туку како го направила за да не можеат да ја откријат нејзината ДНК.
Ја земала другата чаша, неговата, за да не откријат каква дрога има внатре. Властите во Мајами ги повикаа граѓаните да контактираат со нив доколку имаат информации поврзани со случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нетанјаху лета до Њујорк по подолга рута поради страв од апсење

Патеката на летот на авионот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху до Њујорк, каде што треба да присуствува на Генералното собрание на ОН, го избегнува воздушниот простор на повеќето земји освен Италија и Грција, и покрај значително подолгото патување.
„Тајмс оф Израел“ објавува дека маршрутата, видлива на веб-страницата „Флајт тракер“, може да биде обид да се избегнат проблеми поврзани со налогот на Меѓународниот кривичен суд за негово апсење за наводни израелски воени злосторства во војната против Хамас во Газа.
Многу земји изјавија дека, по налогот на Меѓународниот кривичен суд за наводни воени злосторства, што Израел го негира, би го уапсиле Нетанјаху доколку тој е присутен на нивна територија.
Франција, која вообичаено се наоѓа по рутата на овој лет, минатата година изјави дека нема да го уапси израелскиот премиер, и покрај критиките од Европската Унија, објави израелскиот портал.
Според извештајот, летот, со израелскиот државен авион, веројатно ќе го избегне и воздушниот простор на Шпанија, која вети дека ќе помогне во истрагата на Меѓународниот кривичен суд.
Кога израелскиот премиер отпатува во САД во февруари, тоа патување беше исто така продолжено, делумно поради загриженоста во врска со налогот за апсење за Нетанјаху.
Нетанјаху наводно го откажал патувањето во Азербејџан во мај за да избегне летање над Турција, чиј претседател е Реџеп Таип Ердоган, жесток критичар на Израел кој го поздрави налогот за апсење, објави израелскиот портал.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Иран тврди дека поседува информации за израелскaта нуклеарна програма

Иранското министерство за разузнавање објави прилог на државната телевизија во кој, како што тврди, се прикажуваат документи и видеа прибавени од израелски разузнавачи, поврзани со нуклеарниот програм на Израел.
Според иранските медиуми, материјалот содржел снимки од внатрешноста на израелски нуклеарни и други чувствителни објекти, меѓу кои и центарот во Димона. Биле презентирани и детали за научници и службеници кои, наводно, работат на израелската нуклеарна програма.
„Идентификувавме 189 израелски нуклеарни научници и високи функционери, заедно со нивните мрежи,“ изјави министерот за разузнавање Есмаил Хатиб, додавајќи дека дел од нив соработувале со Иран за пари.
📹 تصاویر اختصاصی وزارت اطلاعات ایران از درون پایگاه اتمی دیمونا در اسرائیل pic.twitter.com/IaHJabXPCU
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) September 24, 2025
Како пример, Хатиб наведе вработен кој работел на седум нуклеарни локации преку фирмата ROTEM, како и научник кој наводно бил вклучен во проекти за проширување на нуклеарното оружје со САД.
Во прилогот беше спомнат и институтот „Хаим Вајцман“, кој иранската страна го претстави како водечки центар за развој на нуклеарното оружје, а кој бил цел на ирански балистички ракети за време на 12-дневната војна во јуни.
Дополнително, биле прикажани документи што сугерираат можни врски и нуклеарна соработка меѓу Израел и Франција во рамки на проект наречен SARAF.
Интерес предизвика и дел од материјалот со приватни и семејни фотографии на директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси. Иранските власти тврдат дека тие биле прибавени од израелски извори и дека докажуваат дека израелската разузнавачка служба шпионирала и меѓународни функционери.
📹 وزیر اطلاعات: ایران در برابر تجاوز صهیونیستی-آمریکایی ایستاد
گنجینه اطلاعات تسلیحاتی اسرائیل را مستند کردیم
محققان و پروژههای ضدبشری شناسایی شدند
سربازان گمنام امام زمان اطلاعات را پردازش کردند
۱۸۹ متخصص هستهای و نظامی اسرائیل شناسایی شدند https://t.co/gl6dKx3Zeb pic.twitter.com/HQwLYtPSkf
— خبرگزاری تسنیم 🇮🇷 (@Tasnimnews_Fa) September 24, 2025
Свет
(Видео) Бремени жени во Америка пијат парацетамол во инает на Трамп и го објавуваат тоа на интернет

Откако Доналд Трамп изјави дека постои врска помеѓу земањето Тиленол (парацетамол) за време на бременоста и нарушувањето од аутистичниот спектар, бремените жени почнаа да објавуваат видеа на социјалните мрежи во кои го земаат лекот против болки.
Многу од нив рекоа дека не сакаат да примаат медицински совет од претседател кој нема медицинска диплома, а многу лекари се согласија со нив, објавува „Њузвик“.
@aileenbystronova Mama’s about to be richhhh 🤪 #momcontent #momcontentcreator #tylenol ♬ Carmen Habanera, classical opera(1283412) – perfectpanda
За време на обраќањето во Белата куќа, Трамп посочи дека ацетаминофенот, активната состојка во Тиленолот, може да биде поврзана со повисоки стапки на аутизам во Соединетите Држави, иако експертите велат дека врската останува недокажана. Медицинските експерти велат дека пораката на претседателот не само што е „штетна“, туку и „не е поткрепена со целокупни научни докази“.
„Доналд Трамп е последната личност на која би ѝ верувал кога станува збор за медицински совет“, рече д-р Луси Мекбрајд, додавајќи дека Тиленолот е еден од ретките лекови што им е дозволено на бремените жени да ги земаат за да ги намалат високите температури, што може да биде опасно и за мајката и за бебето.
@yourrepublicanmom #greenscreenvideo @Grace 🤍 ♬ What's Up? – 4 Non Blondes
Изјавата одекна надвор од Соединетите Држави, а британскиот министер за здравство Вес Стритинг им советуваше на бремените жени во Обединетото Кралство „да не обрнуваат внимание на тоа што Доналд Трамп вели за лековите“.
Голем број видеа циркулираат на социјалните мрежи, особено на Икс и Тик-ток. Во едно, жена се снима себеси како зема Тиленол со натпис: „Еве ме, бремена, земам Тиленол затоа што верувам во науката, а не во некој што нема медицинска диплома.“
Pregnant women popping Tylenol like Tic Tacs just to stick it to Trump — please stop.
Don’t weaponize your pregnancy for a political point.
Consider acetaminophen only when absolutely necessary, for the shortest duration and lowest dose, even the makers of Tylenol say this.
— Nicole Saphier, MD (@NBSaphierMD) September 23, 2025
Сепак, како што се ширеше трендот, некои лекари ги повикаа жените да престанат да го земаат Тиленол само за да „му пркосат на Трамп“.