Свет
„Блек лајвс медр“ ќе се регистрира како политичка партија во Велика Британија
Групата „Блек лајвс медр“ во понеделникот поднесе официјално барање за регистрација како политичка партија во Обединетото Кралство потврдувајќи ги сомнежите дека ова екстремно левичарско движење навистина има политички аспирации во Велика Британија и покрај тврдењата дека е непартиско.
БЛМ на 26 октомври поднесе апликација до изборната комисија за да стане полноправна политичка партија во цела Велика Британија ако комисијата го прифати барањето. Групата ќе треба да поднесе партиски устав, да плати 150 фунти и да достави логоа пред да биде прифатена.
Како одговор на овој потег, политичкиот коментатор и поранешен професор Калвин Робинсон, кој и самиот е мелез и трпел расистичко малтретирање во минатото поради непреземање левичарски политички позиции, изјави:
They've only gone and registered a political party! https://t.co/BcgTeth1Lf
— Calvin Robinson (@calvinrobinson) October 26, 2020
„Сега сигурно не може да има сомнеж, БЛМ е политичко движење со политичка агенда. Секој што сè уште протестира под тој знак мора да се приклучи на нивните антибритански принципи“.
Поранешниот европратеник од партијата Брегзит, Мартин Добни, напиша на социјалните мрежи: „Многумина од нас кои рекоа дека тоа е нивната цел, беа отфрлени како екстремисти, но тоа беше неизбежно цело време!“
Движењето БЛМ доживеа процут во Велика Британија по смртта на Џорџ Флојд во САД организирајќи масовни протести во целата земја со насилни конфронтации со полицијата. Групата стоеше и зад широко распространетата иконокластичка кампања за рушење и обезличување на статуите на британските историски личности.
Во јуни, во екот на вознемиреноста и хаосот, лидерот на Брегзит, Најџел Фараж, ја опиша БЛМ како „опасна марксистичка организација, склона кон анархија“.
Портпаролот на разгранокот на БЛМ во Велика Британија (УКБЛМ) негира каква било поврзаност или знаење за групата што поднела барање да стане политичка партија велејќи за „Дејли мејл“: „Ние немаме апсолутно никаква врска или поврзаност ниту, пак, некоја група нè информирала за своите намери за формирање политичка партија со името Блек лајвс медр. Не сме ние“.
„Ние функционираме како неполитичка, непартиска, ненасилна платформа на БЛМ. Некои содржини објавени на оваа веб-страница може да имаат политички елементи според природата на општеството и државата управувана според системот на демократија; сепак, ние, пред сè, работиме во сферата на хуманитарен капацитет и грижа“, додаде тој.
Заедничка одлика на протестите на БЛМ во Лондон е постојаното демонизирање на Велика Британија, САД и на западната цивилизација како целина. Исто така, имаше изблици на расизам кон белците на демонстрациите на БЛМ во британската престолнина.
Wonder if @Keir_Starmer will continue Take The Knee to #BlackLivesMatter if they start fielding candidates in Labour "safe" seats?
How Labour didn't see this coming is mind-boggling. It was BLM's obvious aim from the start & Keir rolled out the red carpet ?♂️ pic.twitter.com/daX80hmvDx
— Martin Daubney (@MartinDaubney) October 26, 2020
На протест во јули ЛГБТ-активист од мешана раса рече дека е потребно да се разгледаат проблемите со кои се соочуваат црните луѓе, како и проблемите на ЛГБТ низ левичарска призма, за која рече дека значи да се признае оти постои еден заеднички непријател – белиот човек.
„Сите овие групи луѓе, проблемите со кои се соочуваат, сето тоа доаѓа од истите луѓе: белците. Значи, треба да се ослободиме од нив“, рече тој додавајќи:„ Убијте ги богатите“.
Потегот на БЛМ да се регистрира како политичка партија во Велика Британија, најверојатно, ќе изврши притисок врз левичарската Лабуристичка партија, која се обиде да се пресели кон политичкиот центар по смената на стариот социјалист Џереми Корбин од лидерската позиција на партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат
Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида.
Обезбедувањето го забележало кај северната порта, носејќи пушка и канистер со бензин.
Агентите на тајните служби му наредиле да ги спушти предметите. Мажот го спуштил канистерот, но ја подигнал пушката во положба за пукање.
„Тогаш заменик-шерифот и двајцата агенти го застрелале и ја неутрализирале заканата. Мажот починал на лице место“, кажа Рик Бредшо, шериф на округот Палм Бич.
Сè уште не е јасно колку куршуми биле испукани, а шерифот рече дека тоа е дел од истрагата.
Во моментот, Доналд Трамп бил во Белата куќа, а неговата сопруга Меланија била со него.
Допрва ќе бидат објавени повеќе детали за идентитетот на осомничениот поврзан со инцидентот.
Портпаролот на Тајната служба, Ентони Гуглиелми, изјави дека осомничениот е од Северна Каролина. Неговото семејство го пријавило како исчезнат пред неколку дена.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.

