Свет
Блинкен: Забраната на зоната на летот над Украина може да доведе до тотална војна во Европа
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека воспоставувањето зона на забранети летови во Украина од САД или НАТО може да доведе до „тотална војна во Европа“, пишува Си-Ен-Ен.
Блинкен додаде дека Вашингтон ќе продолжи да работи со сојузниците со цел да им ги испрати на Украинците потребните средства за да се одбранат од руската агресија.
– Единствен начин да се воспостави нешто како зона на забранети летови е испраќање авиони на НАТО во украинскиот воздушен простор, кои ќе соборуваат руски авиони. Тоа може да доведе до тотална војна во Европа.
Претседателот Бајден беше јасен кога рече дека нема да војуваме со Русија – изјави Блинкен во Брисел.
The war in Ukraine has united the world and turned Russia into a pariah state.
"If that was President Putin's plan, well, you can say it's working," U.S. Secretary of State Blinken says https://t.co/xgX6U82zuC pic.twitter.com/MKD8bpOcRU
— Bloomberg Quicktake (@Quicktake) March 4, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

