Свет
Блинкен пристигна во Израел и се сретна со Нетанјаху: трета посета на американскиот државен секретар

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска пристигна во Израел на средби со премиерот Бенјамин Нетанјаху и други високи израелски претставници, јавуваат светските медиуми.
Блинкен слета во Тел Авив придружуван од новоименуваниот американски амбасадор во Израел, Џек Лу, според Си-ен-ен.
Тоа е негова трета посета на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври.
Во четвртокот, пред да замине од Вашингтон, Блинкен рече дека планира да разговара со израелската влада за, како што ја нарече, „тековната кампања против терористичката организација Хамас“ и „чекорите што треба да се преземат за заштита на цивилите“.
Тој исто така има намера да разговара, како и при претходните посети, за заложниците што ги држи Хамас, за спречување на ширењето на конфликтот, за понатамошна испорака на хуманитарна помош, но и за ден потоа, односно за создавање услови за трајно одржлив мир и безбедност за Израелците и Палестинците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пожари кај канцелариите на Мајкрософт во Израел, пет лица се повредени

Фотографија покажува пожари што горат во близина на канцелариите на Мајкрософт во Бер Шева, јужен Израел, а оштетени се и станбени згради, јавува Би-би-си.
Пожарникарите и амбулантните возила се на местото на настанот. Според досегашните информации, пет лица се повредени и однесени во болница.
Се чини дека Иран повторно го нападна технолошкиот парк Гав-Јам, за кој иранските власти вчера наутро изјавија дека бил нивна цел кога ја нападнале блиската болница Сорока.
Свет
(Видео) Израелската армија собори четири ирански дронови, објавена е снимка

Во текот на ноќта, израелските воздухопловни сили соборија најмалку четири дронови лансирани од Иран кон Израел, а на снимката се гледа како хеликоптер за напад AH-64 Apache соборува два дрона за напад Arash-2 со долг дострел.
Overnight, the Israeli Air Force downed at least four drones launched by Iran against Israel, with footage showing the shoot down of two “Arash-2” long-range attack drones by an AH-64 “Apache” with the IAF. pic.twitter.com/JaYJ4V2lI7
— OSINTdefender (@sentdefender) June 20, 2025
Свет
Израел: Нападнавме десетици воени цели, вклучувајќи и центар за нуклеарни истражувања

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле десетици воздушни напади преку ноќ, таргетирајќи повеќе локации во Техеран со помош на повеќе од 60 израелски борбени авиони.
Според ИДФ, во нападите биле употребени околу 120 смртоносни средства. Целите биле воени постројки за производство на ракети и центар за нуклеарни истражувања за кој израелската војска вели дека е поврзан со развојот на нуклеарно оружје на Иран.
Во текот на ноќта, ИДФ, исто така, објави дека Иран извршил напади врз Израел, при што се регистрирани напади на југот од земјата.
Иран досега не се огласил за овие напади.