Свет
Дали Блискиот Исток ќе навлезе во тотална војна; Лидерот на Хезболах се обраќа првпат од почетокот на војната
Генералниот секретар на либанското милитантно движење Хезболах, Хасан Насрала, денеска, ќе ѝ се обрати на јавноста, пишува „Гардијан“.
Лидерот на шиитска организација поддржана од Иран денеска јавно ќе проговори првпат од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во која Хезболах им помага на палестинските милитанти напаѓајќи ги израелските сили.
„Сè уште не видовме никакви индикации дека Хезболах е подготвен да тргне со полна сила. Ќе видиме што ќе каже“, изјави портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, коментирајќи ја најавата за обраќањето на лидерот на Хезболах.
Хезболах во четвртокот објави дека во текот на вечерта нападнал 19 позиции во Израел.
Досега конфликтите главно беа локализирани во пограничната област, а Хезболах користеше само дел од огнената моќ со која Насрала со години му се закануваше на Израел, наведува британскиот весник.
Според некои процени, околу 50 борци на Хезболах загинале од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас на 7 октомври во размена на оган со израелските сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Катар: Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците, во мирување
Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците на Израел и Хамас се уште се во мирување, изјави денеска портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед Ал-Ансари.
Во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да побара налог за апсење на израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху, како и на тројцата лидери на Хамас, Ал Ансари рече дека е прерано да се коментира директно.
Тој сепак нагласи дека сите држави и организации кои се виновни за смртта на цивилното население треба да сносат одговорност, пренесува Ројтерс.
Главниот обвинител на МКС, Карим Кан, во понеделникот рече дека се поднесени налози за апсење против Нетанјаху и израелскиот министер за одбрана Јоав Галант под обвинение за „поттикнување истребување, поттикнување глад како метод на војна, вклучително и задржување на хуманитарна помош и намерно таргетирање на цивили во конфликтот“. Дополнително, судот побара апсење на лидерите на Хамас – Јахје Синвар, Мохамед Деиф и Исмаил Ханије.
Тројцата се обвинети за „истребување, убиство, земање заложници, силување и сексуален напад“.
Регион
Штрајк на државните службеници во Грција: бараат повисоки плати поради високите цени
Синдикатот на државните службеници на Грција (АДЕДИ) од утрово е во еднодневен штрајк со барање за зголемување на платите за 10 отсто поради високите цени бидејќи некои нови цени во Грција се драстично повисоки од цените на истите производи на други места во ЕУ.
По генералниот штрајк на сите синдикати на крајот на февруари, Конфедерацијата на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ) во април имаше 24-часовен штрајк од истите причини.
Во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерот Киријакос Мицотакис побара повеќе транспарентност на единствениот пазар на ЕУ укажувајќи дека тоа е еден од приоритетите на граѓаните пред изборите за европратеници на 9 јуни.
„Клучно е ЕУ да докаже дека е способна да ги постави вистинските приоритети, вклучително и заштита на потрошувачите пред високите цени“, напиша Мицотакис во писмото испратено во саботата и објавено во понеделникот.
„Мора да се преземат храбри мерки за да се обезбеди единствениот пазар да функционира со поголема конкуренција и транспарентност во корист на потрошувачите“, посочи Митотакис три недели пред евроизборите.
Соочен со незадоволството на граѓаните во Грција, тој бара Брисел „одлучно, брзо и ефикасно да интервенира“ за да се регулира единствениот пазар.
Според него, „неодамнешната инфлаторна криза доведе до значително намалување на куповната моќ на европските граѓани и ја истакна асиметричната моќ на мултинационалните компании во однос на диференцирање на ценовните политики“.
Куповната моќ и инфлацијата се главните грижи на Грците пред европските избори.
Според Мицотакис, во одредени земји како Грција основните производи за широка потрошувачка се продаваат поскапо отколку во другите земји на ЕУ поради „територијалните ограничувања за снабдување наметнати од големите мултинационални компании“.
Станува збор за тоа што големите мултинационални компании се договориле да ги приспособат цените според големината на пазарот во земјата, тие се пониски на големите пазари бидејќи таму имаат конкуренција, а повеќе на малите каде што има помала конкуренција.
Митотакис предлага мерки за „спречување на политиката на одредени мултинационални компании да продаваат исти или слични производи за широка потрошувачка под разни брендови во разни земји членки, што им овозможува да имаат разни цени“ и повикува на „забрана на нефер комерцијалните практики“.
Во април потрошувачките цени во Грција пораснале 3,1 отсто во споредба со истиот месец лани, при што цените на храната пораснале 5,4 отсто – покажуваат податоците на грчката статистичка служба „Елстат“.
Високите трошоци за живот го зголемија социјалното незадоволство во Грција, каде што, според европската статистичка служба на ЕУ, „Евростат“, платите се само на 21. место меѓу 27-те земји од ЕУ.
Свет
Катар: Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците во мирување
Преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа и враќањето на заложниците на Израел и Хамас сè уште се во мирување, изјави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Мајед ал-Ансари.
Во врска со одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да побара налог за апсење на израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху, како и на тројцата лидери на Хамас, Ал Ансари рече дека е прерано да се коментира директно.
Тој сепак нагласи дека сите држави и организациите што се одговорни за смртта на цивилното население треба да сносат одговорност, пренесува „Ројтерс“.