Свет
Блокирани плановите за реконструкција на Берлинскиот ѕид за уметнички проект
Германските власти инфоирмираа дека го блокирале предлогот за обнова на дел од Берлинскиот ѕид за огромен филмско-уметнички проект во германската престолнина. Наведувајќи ги безбедносните грижи и ризиците од пожари, градските власти во Берлин рекоа дека нема да одобрат градежна дозвола за проектот „ДАУ” на рускиот режисер Илја Кржановски, пренесува ДПА.
Планот беше да се изградат 900 бетонски ѕидни плочи, секоја висока 3,6 метри, во градскиот блок на булеварот „Унтер ден линден“, за настан вреден 6,6 милиони евра.
Оградениот “град во град” требаше да имасопствени визни проверки, а посетителите на паралелниот свет мораа да аплицираат онлајн за дозволи за влез. Но, проектот предизвика контроверзии, а критичарите го карактеризираа како настан што им штети на луѓето кои живееле во комунистичка Источна Германија.
Сабине Вајслер, советник задолжен за засегнатата област во Берлин, изјави дека немало доволно време да се добијат мислења од жителите кои би можеле да бидат погодени од проектот.
„Не беше можно организацијата да гарантира дека настанот ќе се спроведе безбедно. Барањето за толку големи проекти мора да се поднесе најманлу една година пред изградбата”, додаде таа.
Организаторите ја поднесова апликацијата на почетокот на август за проект кој ќе биде почнат на 12-ти октомври пред да заврши со ритуално рушење на ѕидот на 9-ти ноември, денот на историскиот настан во 1989 година.
„Како што објавивме во август, целта не беше да се создаде „Дизни ГДР”. Тоа не е филмска премиера, туку мешавина од социјален експеримент, уметнички експеримент и … импресивна форма на градење свет,“ вели Томас Оберендер, директор на фестивалот за култура „Берлинер фестпиле“, кој требаше да биде домаќин на мега-настанот.
Целта, рекоа организаторите, беше да предизвика политичка и социјална дебата за слободата и тоталитаризмот, надзорот, соживотот и за националниот идентитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.
Свет
Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина
Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина.
Беспилотни летала биле уништени над северниот, јужниот и источниот дел на земјата. Регистрирани се 20 погодоци на 13 локации, се вели во соопштение објавено на социјалните мрежи.
Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз 33 населени места во југоисточната Запорошка област, ранувајќи три лица, соопшти во меѓувреме денеска раководителот на регионалната воена администрација Иван Федоров.
Министерството за одбрана на Руската Федерација, од своја страна, соопшти за 26 соборени украински дронови од синоќа.
Речиси две третини од овие беспилотни летала, 17 биле уништени над Брјанската област која граничи со Украина. Над западната Смоленска област биле соборени седум дронови, а над Белгородската област, која граничи со Украина, и над окупираниот полуостров Крим по еден.
Во меѓувреме, во западната Орловска област беше прогласена опасност за авијацијата.
Свет
Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал
Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините интимни снимки беа објавени во јавноста. Пајковиќ тврди дека не станува збор за секс скандал, туку за политичка пресметка и одмазда против моќна личност која ја пријавила за закани, а за сè го обвинува советникот на претседателот на Црна Гора и поранешен шеф на тајната служба, Дејан Вукшиќ.
Во својата исповед за Face.ba, таа опиша низ што поминувала, нагласувајќи дека нејзината безбедност е во опасност и дека се плаши за сопствениот живот.
„Се обидуваат да ме натераат да извршам самоубиство. Тешко ми е. Чувствувам дека моето тело ме издава, но морам да соберам храброст и јавно да зборувам за сè, започна Пајковиќ. Има ноќи кога се плашам да спијам затоа што не знам што ќе донесе новото утро. Ме малтретираат по телефон, ме додаваат во разни групи. Државните органи се немоќни. Некој сака да немам место ниту живот во Црна Гора“, тврди таа.
Пајковиќ истакнува дека ова не е секс скандал за неа, туку опасна порака испратена до секој што се осмелува да им се спротивстави на моќните.
„Вакви работи ми се случуваат по конфликт со највисокиот државен орган, со Вукшиќ. На тие видеа може да се утврди дека само јас сум на нив. Ако другата страна сакаше да биде повредена, ќе се покажеше и главата на човекот. Ова е голем тест за полицијата и обвинителството“, верува таа.
„Вукшиќ ми се закани со прогон и дека цела Црна Гора ќе ги види моите видеа. Мојата единствена среќа е што бев доволно прониклива да го снимам тој разговор. Знаев за каква личност станува збор, ми се закануваше неколку дена претходно. Го снимив за самозаштита. Ако го немав тоа видео, немаше да имам никакви докази за да го спасам мојот живот“, рече таа.

