Свет
„Блумберг“: Ердоган планира да му го предложи на Зеленски планот за ставање крај на војната
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган планира да го предложи својот план за ставање крај на војната на состанокот на лидерите на Г20 во Рио де Жанеиро, пишува „Блумберг“ наведувајќи дека Ердоган ќе му предложи на Зеленски да се согласи да ги одложи разговорите за влез во НАТО за најмалку 10 години како отстапка кон Русија.
Турскиот план предвидува и создавање демилитаризирана зона во Донбас, а како што дознава „Блумберг“, Ердоган предлага да се вети испорака на оружје за Украина како компензација за тоа што се согласи да не влезе во НАТО.
„Турските власти признаваат дека на Украина би ѝ било тешко да прифати таква понуда, но сметаат дека тоа е најреален пристап. Ќе се обидат да ги одложат дискусиите за долгорочната судбина на окупираните територии за да се фокусираат првин на обезбедување стабилен прекин на огнот“, според „Блумберг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германија ќе почне со испорака на 4.000 дрона со вештачка интелигенција во Украина од декември, пишуваат медиумите
Германија од декември ќе почне да ја снабдува Украина со 4.000 високотехнолошки беспилотни летала контролирани од вештачка интелигенција (АИ) и заштитени од уреди за електронско војување, кои веќе се користени во борбите на југот и на истокот на Украина, објавија денеска германските и украинските медиуми.
Германската компанија „Хелсинг“, која се занимава со вештачка интелигенција, годинава потпиша договор со Министерството за одбрана на Украина за набавка на 4.000 дрона, пишува „Билд“ повикувајќи се на изјавата на германскиот министер за одбрана, Борис Писториус.
Писториус, по масовниот руски воздушен напад врз Украина во неделата наутро, изјави дека е среќен што испораката на овие дронови за напади со вештачка интелигенција ќе почне веднаш, пренесува агенцијата „Укринформ“.
Регион
Момчето и девојката повредени при паѓањето на натстрешникот се во многу тешка состојба, медицинскиот тим секојдневно одлучува за понатамошното лекување
Осумнаесетти ден мултидисциплинарниот консултативен тим од лекари, медицински сестри и здравствени техничари на Универзитетскиот клинички центар во Војводина обезбедува комплексен интензивен третман со континуирано следење на виталните функции на двајцата пациенти што се примени со тешки политрауматски повреди добиени како последица на уривање на бетонската конструкција на 1 ноември 2024 година.
Како што соопштија од Клиничкиот центар на Војводина, младиот човек Ц. В. (18) и девојката М. Т. (24) се во многу тешка здравствена состојба.
Мултидисциплинарниот консултативен тим од лекари секојдневно донесува одлуки за понатамошно лекување, додаваат од таму.
Свет
Аналена Бербок: Новата форма на американска поддршка за Украина не претставува промена во стратегијата на Западот
Соединетите Американски Држави донесоа важна одлука во врска со воената поддршка за Украина, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, нагласувајќи дека тоа не е промена на стратегијата на Западот.
Администрацијата на претседателот Џозеф Бајден и дозволи на Украина да користи оружје од американско производство за напади длабоко во руската територија, потврдија за Ројтерс двајца неименувани американски официјални лица запознаени со одлуката.
„Би сакала да нагласам дека оваа одлука на американската страна не претставува промена на стратегијата на Западот, туку интензивирање на она што е веќе испорачано од другите партнери. Оваа одлука е исклучително важна во овој момент“, рече Бербок во Брисел, пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.