Свет
Богат Саудиец ја врзал куќната помошничка за дрво зашто направила грешка
Богато семејство во Ријад ја врзало својата куќна помошничка за дрво како казна зашто го оставила мебелот на сонце, објави „Дејли мејл“.
26-годишната Филипинка Лавли Акоста Баруело неколку месеци работела за семејство во Ријад, во главниот град на Саудиска Арабија. Но во еден момент, како што се наведува, таа ги налутила сопствениците, бидејќи на сонце оставила парче скап мебел, поради што можел да избледи.
Поради инцидентот, сопствениците ја врзале за дрво, а нејзината колешка, исто така Филипинка, го фотографирала казнувањето. На фотографијата се гледа како Баруело е врзана во градината.
Филипинското Министерство за надворешни работи соопштило дека е запознато со ситуацијата на кршење на правата на работниците, како и дека ѝ помогнало на мајката со две деца да се врати дома.
„Лавли Акоста Баруело од Саудиска Арабија стигна во Манила на 9 мај во 20:55 часот по локално време“ рекол портпаролот на министерството.
Жената која тврди дека е вработена кај истите сопственици како и Баруело го известила филипинското МНР и побарала помош, бидејќи нејзиниот претпоставен казнува за секаква ситница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

