Свет
„Боинг“ со 78 патници излета од писта: нов инцидент, повредени 11 лица
Авион со 78 патници се излизгал од пистата пред полетувањето на главниот аеродром во Сенегал во вторникот. Во несреќата беа повредени 11 лица.
Аеродромот „Блез Дијањ“ издаде соопштение дека причината за несреќата, која се случила околу 3 часот по полноќ, додека „боингот 737-300“ на „Трансаир“, изнајмен од „Ер Сенегал“, требаше да полета за Мали, е под истрага. Снимките на социјалните мрежи покажуваат авион со логото на сенегалската авиокомпанија „Трансаир“ во тревата со крилото покриено со противпожарна пена.
Во соопштението на аеродромот се наведува дека се активирани протоколи за итна евакуација на патниците.
„Аеродромот засега е затворен. Се очекува повторно да биде отворен во следните неколку часа“, се додава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра
По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени за криумчарење најмалку 47 турски мигранти во најмалку пет наврати и криумчарење на разновидна „комерцијална“ стока преку граница.
Инспекторите се сомневаат дека првообвинетиот, со засега непознати лица од БиХ, се договорил и за пари организирал континуирано нелегално префрлање на поголем број странски државјани од БиХ во Хрватска преку граничните премини во Гуња, Топушка и други места.
За нивниот пикап и превоз преку граница за цена од 1.500 евра по превоз, организаторот на групата во договор со еден од осомничените царински службеници го ангажирал четвртопријавениот, кој ги превезувал мигрантите скриени во багажникот на возилото. Потоа ги предал на непознати лица за понатаму да ги вози до договорените дестинации во Хрватска и другите земји од Европската унија.
Свет
Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: се обидувал да го спаси претседателот на Иран
Еден од патниците на хеликоптерот во кој загина претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, при падот на леталото во северозападниот дел на Иран бил жив околу еден час по несреќата и се обидувал да повика помош.
Според извештаите на медиумите, имамот Мохамед Али ал-Хашем од Табриз живеел цел час по несреќата и се обидувал да стапи во контакт со канцеларијата на претседателот Раиси, рече Мохамад Нами.
„Не беа потребни ДНК-тестови за да се идентификуваат патниците“, вели Нами.
Во хеликоптерската несреќа загинаа вкупно девет лица, вклучително и екипажот на летот.
Свет
Провалници упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини
Провалници упаднале во станот на италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт Матео Салвини во неделата вечерта, соопшти денеска полицијата.
Разбојниците не успеале да го отворат сефот во домот на Салвини во Рим, изјавиле извори за „Анса“.
Сè уште не се знае дали успеале да украдат други предмети.