Европа
Борел: „Не разбирам, сакате ли да ги видите Украинците како клекнуваат?

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, рече дека не ги разбира противниците на испораката на оружје.
Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Борел нагласи дека не разбира оти тие се против испораката на оружје тврдејќи дека тоа ќе ја продолжи војната. „Ги прашувам овие луѓе дали ви е важно како ќе заврши војната? Дали Украинците треба да клечат пред Русите?“, праша тој.
Борел најави дека ЕУ ќе продолжи да ѝ испорачува оружје на Украина и дека ќе се обиде да ја ослаби руската економија и да ја зголеми меѓународната изолација на Москва. „Но, ние не сакаме да се бориме против Русија“, истакна тој.
Посочи дека војната завршува со преговори. „Треба да дојдеме на преговарачка маса од позиција на сила и сега е важно да ги доведеме Украинците на таа позиција“, објасни тој.
Борел рече и дека ЕУ не може да биде посредник во преговорите меѓу Русија и Украина. Тој оцени дека Русите нема да го прифатат тоа, како што Брисел нема да ја прифати Русија како посредник. Додаде дека ниту Кина не реагира бидејќи, како што тврди, таа се приклонува кон Русија.
Борел оцени дека Турција работи многу добро и дека има добри односи на двете страни.
„Тие би биле најдобри“, посочи Борел додавајќи дека Украина, Русија и посредникот треба да го одредат исходот од преговорите. Не сакаше да коментира за можниот исход од преговорите и рече дека зависи од тоа колку е силна секоја страна.
Запрашан за можното воведување ембарго за увоз на руски гас, Борел рече дека гасот е стратешки производ и дека е важно да се најдат нови доставувачи.
Рече дека немањето терминал за прием на течен гас е грешка што треба да се препознае и да се исправи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шест деца уапсени откога беше застрелан 11-годишник во Ротердам: неговата состојба сè уште е сериозна

Полицијата во холандскиот град Ротердам оваа недела уапси шест малолетници откога 11-годишно момче беше пронајдено застрелано и во критична состојба во стан. Малолетниците се осомничени за обид за убиство, соопшти вчера холандската полиција, а пренесува „Телеграф“.
Според холандските медиуми, апсењата се извршени во последните три дена, а осомничени се момчиња на возраст од 12, 13 и 15 години од Ротердам, 14-годишно девојче од Ротердам, 14-годишно момче од Марсберген и 16-годишно момче од Еншеде.
По истрагата, малолетниците станале осомничени, а некои од нив ѝ се предале на полицијата, пишува „Телеграф“. Како што се дознава, полицијата не ја исклучува можноста за дополнителни апсења. Освен тоа, тие се осомничени и за поседување огнено оружје и муниција. „Секој осомничен е испрашуван поединечно за неговата улога во овој инцидент“, соопшти полицијата.
Сите малолетници што беа уапсени се во притвор и денеска и утре ќе бидат изведени пред истражен судија во Ротердам, кој ќе одлучи дали ќе им го продолжи притворот. Веднаш по инцидентот, полицијата пронашла огнено оружје на тревната површина во близина на станбената зграда, пренесува „Телеграф“.
Момчето морало да биде реанимирано и однесено во болница во критична состојба. Што точно се случило на местото на злосторството сè уште е нејасно, но полицијата утврдила дека 11-годишното момче било застрелано. Неговата состојба сè уште е сериозна.
Европа
Зеленски е поканет на важен состанок на ЕУ за европската одбрана

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на вонреден самит на лидерите на ЕУ следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и на европската одбрана.
„Го поканив украинскиот претседател Зеленски во Брисел на состанок на Европскиот совет за да разговараме за најновите случувања поврзани со нас“, напиша Коста во писмото со покана до лидерите на земјите членки на ЕУ.
Вонредниот самит што ќе се одржи за една недела ќе биде исклучиво посветен на Украина и зајакнувањето на европската одбрана.
„Во однос на европската одбрана, мојата цел е да ги продолжам дискусиите на нашиот неформален собир на 3 февруари со цел да ги донесеме првите краткорочни одлуки за да ја направиме Европа посуверена, способна и подобро опремена да се соочи со непосредните и со идните предизвици за нејзината безбедност“, вели Коста.
Во однос на Украина, „постои нов момент што треба да води кон сеопфатен, праведен и траен мир“.
„Европската Унија и нејзините земји членки се подготвени да преземат поголема одговорност за безбедноста на Европа.
„Затоа треба да бидеме подготвени за можен европски придонес кон безбедносните гаранции, кои ќе бидат неопходни за да се обезбеди траен мир во Украина“, нагласи Коста.
Европа
(Фото) Фреските откриени во Помпеја покажуваат верски обичаи пред ерупцијата на Везув

Археолозите во Помпеја открија ретки фрески во речиси природна големина, кои нудат нови сознанија за религиозните практики во античкиот град пред да биде уништен од ерупцијата на Везув во 79 година од нашата ера.
Големата фреска што се протега на три ѕида од салата претставува живописни слики на иницијациски обреди за следбениците на Дионис – античкиот грчки бог на виното, плодноста, театарот и религиозната екстаза.
Ритуалите за иницијација, познати како Дионизиски мистерии, биле тајни религиозни обреди посветени на богот, кои ветувале духовно просветлување и можеби благословен живот по смртта.
„…Денешниот ден ќе биде запаметен како историски бидејќи откритието што го презентираме е историско“, рече италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули, кој присуствуваше на откривањето на фреските.
„Заедно со Вилата на мистерии овие фрески се неспоредливо сведоштво за помалку познатите аспекти на древниот медитерански живот“.