Свет
Британија вети дека до 2050 година ќе ги намали емисиите на ЦО2 на нула

Според најновиот план на британската Влада, емисиите на стакленички гасови во Велика Британија ќе бидат намалени речиси на нула до 2050 година, објави Би-би-си. Премиерката Тереза Меј смета дека таквото намалување на загадувањето на животната средина ќе им користи на граѓаните, но и би ги намалило трошоците на Националната здравствена служба.
На овој начин Британија стана првата голема нација која предложи ваква амбициозна цел, што секако ја поддржаа многу општини кои се борат за чиста околина.
Некои се плашат дека ваквата идеја е неостварлива, друга, пак, сметаат дека оваа одлука дошла предоцна бидејќи климатските промени зеле преголем замав.
За да се постигне ова драстично намалување на загаденоста, ќе мора до 2050 година во целост да се укинат емисиите на штетни гасови од домовите, сообраќајот, земјоделството и индустрјата или да се надомести штетата со садење дрвја и техничко чистење на јаглеродниот диоксид од атмосферата.
Според извештајот на британската Влада, ако и другите држави го следат примерот на Британија, би имале до 50 проценти шанси до 2100 година порастот на температурите да го одржиме под 1,5 Целзиусови степени, што се смета за праг по кој почнуваат климатските промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
САД и ЕУ имаат 18 месеци да се подготват за можен вооружен конфликт со Кина и Русија, кажа командант на НАТО

Врховниот командант на НАТО во Европа, генерал Алексус Гринкевич, процени дека САД и Европската Унија имаат година и пол да се подготват за потенцијален глобален вооружен конфликт со Кина и Русија.
Тој додаде дека верува оти Пекинг и Москва би можеле да нападнат истовремено и координирано, пренесува „Билд“.
– Она што кинескиот лидер Си Џинпинг веројатно ќе го направи пред да одлучи да преземе воена акција против Тајван е да му се јави на својот пријател Путин и да го замоли за помош. Тоа за мене значи дека обете работи би можеле да се случат истовремено – рече Гринкевич за време на конференцијата за одбрана во Висбаден, Германија, каде што се наоѓа Командата на НАТО за безбедносна помош и обука на вооружените сили на Украина.
Тој додаде дека 2027 година би можела да биде „потенцијална кризна година“.
– Ќе ни треба секое оружје, опрема и муниција што можеме да ја набавиме за да бидеме подготвени – нагласи командантот на НАТО.
Според германскиот весник, во владините кругови во Берлин расте стравот дека Русија наскоро би можела да нападне една од помалите земји-членки на НАТО, бидејќи се очекува земјите од Алијансата да постигнат сериозни одбранбени способности дури во 2029 година.
Според „Билд“, некои министри во владата на Фридрих Мерц очекуваат дека руска воена провокација би можела да се случи во 2027 година.
Свет
Авион принудно слетал во САД поради обид на патник да ја отвори вратата

Авион на линијата Омаха-Детроит во САД мораше да изврши итно слетување во Ајова поради патник кој се обидел да ја отвори вратата за време на летот.
Откако полицијата го уапсила, кај него пронашла 41 таблета од лекот „Ксанакс“.
Инцидентот се случил во среда навечер по локално време, за време на летот на авионот на „Скај Вест ерлајнс“, кој извршил итно слетување во Сидар Рапидс, во државата Ајова, објави Си-Ен-Ен.
Патникот кој се обидел да ја отвори вратата претходно се скарал со стјуардесата, според пилотот.
Авионот слета безбедно, а на видео објавено на социјалните мрежи може да се види како полицијата го вади патникот со лисици од авионот.
Свет
18 загинати и 40 исчезнати откако туристички брод се преврте во Виетнам

Најмалку 18 лица загинаа, а околу 40 се водат како исчезнати откако туристички брод се преврте во заливот Ха Лонг во Виетнам, објавија денес локалните медиуми.
Бродот, кој превезувал повеќе од 50 патници, се превртел поради ненадеен силен дожд што го погодил за време на посетите на местата на светското наследство на УНЕСКО, објави порталот „Ден Три“.
Граничните полицајци спасија 12 лица и пронајдоа 18 тела“, објавува порталот „ВНекспрес“.
Покраинските власти објавија дека ги пронашле телата на тројца виетнамски државјани и спасиле десет лица, како и дека потрагата по исчезнатите сè уште е во тек.
Околу 30 бродови потонаа во заливот Ха Лонг минатата година откако беа погодени од тајфунот Јаги.
Заливот го посетуваат милиони луѓе секоја година и е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, позната по сино-зелената вода и варовничките острови со тропски шуми.