Европа
Британија: Руските резервисти сами купуваат панцири

Британското Министерство за одбрана објави нов разузнавачки извештај. Нивниот фокус е на руските резервисти.
„Контингенти мобилизирани руски резервисти се распоредени во Украина во последните две недели“, се вели во воведот на соопштението објавено на Твитер.
„Нивното просечно ниво на лична опрема е речиси сигурно пониско од и онака лошата понуда на претходно распоредени трупи“, се наведува во извештајот, според светските медиуми.
Британците пишуваат дека мобилизираните Руси мора сами да купат воена опрема. Ова првенствено се однесува на панцирните елеци, особено на модерниот елек 6B45. Наменет е како дел од воената опрема, но многу војници не ја добиле од армијата туку мораат сами да ја набават.
„Ендемската корупција и лошата логистика остануваат една од основните причини за лошите резултати на Русија во Украина“, се заклучува во британското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Украинците го нападнаа Крим со дронови: експлозии одекнуваат, руско складиште за муниција во пламен

Пожар избувна утрово во магацин за муниција во селото Перевалне во окупираниот од Русија Крим по серија експлозии предизвикани од напади со украински беспилотни летала, објави „Киев индепендент“.
126. независна бригада за крајбрежна одбрана на руската Црноморска флота наводно е стационирана во близина на селото Перевалне. Како одговор на инцидентот, локалните власти го блокираа патот што ги поврзува Симферопол и Алушта во централниот дел на полуостровот.
Crimean Wind објави снимки направени од локалното население, на кои се гледа чад што се издига од повеќе локации на Крим.
A long night for Russian forces. Massive explosions rocked a military ammo depot in occupied Crimea — fires and detonations still ongoing in Perevalne, road to Simferopol closed. Losses reported in the 126th Brigade & 8th Artillery Reg.
Meanwhile in Podolsk, Russia — an… pic.twitter.com/6hckmz32Se
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) May 16, 2025
Експлозии беа пријавени и во близина на воените воздухопловни бази Белбек и Кача во близина на Севастопол.
Украинските власти сè уште официјално не го коментираа нападот, а информациите не можеа да бидат независно потврдени.
За време на војната Украина постојано извршуваше успешни напади врз руски цели во окупираниот Крим и околните области значително ослабувајќи ја руската Црноморска флота.
Европа
(Видео) Почна состанокот меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Трилатерален состанок на високо ниво меѓу делегациите од Турција, САД и Украина почна во петокот во Истанбул под водство на турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан.
САД ги претставуваат државниот секретар Марко Рубио, амбасадорот во Турција, Том Барак, и специјалниот претставник за Украина, генерал Кит Келог.
Во делегацијата на Украина се вклучени Андриј Јермак, шеф на претседателската канцеларија, министерот за одбрана, Рустем Умеров, и министерот за надворешни работи, Андриј Сибиха.
📍High-level US-Ukraine-Türkiye talks begin under Turkish foreign minister’s leadership
Türkiye’s Foreign Minister Hakan Fidan, National Intelligence Organization (MIT) head Ibrahim Kalin, Ukraine’s Presidential Chief of Staff Andriy Yermak and Deputy Foreign Minister Andriy… pic.twitter.com/roz02DGFkB
— Anadolu English (@anadoluagency) May 16, 2025
Трилатералниот дијалог е фокусиран на мирот меѓу Украина и Русија, објави „Анадолија“.
Украинската делегација во Истанбул се сретна со претставници на САД, Велика Британија, Германија и на Франција
Утрово, во Истанбул, украинскиот советник за национална безбедност, Андриј Јермак, министерот за надворешни работи, Андриј Сибиха, и министерот за одбрана, Рустем Умеров, се сретнаа со советници за национална безбедност од Велика Британија, САД, Германија и од Франција.
Европа
Рубио пристигна во Истанбул на мировни преговори меѓу Русија и Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио утрово пристигна во Истанбул за да учествува на мировните преговори меѓу Русија и Украина, организирани од Турција.
Рубио и неговата делегација на аеродромот во Истанбул беа пречекани од генералниот конзул во Истанбул, Џули А. Еадех, и други официјални лица.
Делегацијата предводена од Рубио ќе учествува на трилатерален состанок меѓу Турција, САД и Украина во претседателската канцеларија Долмабахче во Истанбул.
Планирани се низа состаноци во разни формати, вклучувајќи трилатерални разговори меѓу САД, Украина и Турција, како и Русија, Украина и Турција, според извори во турското Министерство за надворешни работи.
На состаноците ќе учествуваат турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, американската делегација предводена од државниот секретар, Марко Рубио, украинската делегација предводена од министерот за одбрана, Рустем Умеров, и руската делегација предводена од Владимир Медински, советник на рускиот претседател, Владимир Путин.
Рубио исто така рече дека американската делегација ќе се сретне со високорангирана украинска делегација и ќе учествува во преговорите меѓу Русија и Украина.