Европа
Британскиот министер Валас осум минути разговарал со лице што лажно се претставувало како Зеленски

Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, разговарал преку „Мајкрософт тимс“ со лажен повикувач, кој се претставил како украинскиот претседател Володимир Зеленски, а неговиот колега Џејмс Хепи во разговор за „Скај њуз“ го бранел Валас.
„Валас многу добро ја разбира заканата и е свесен дека бил на повик за прислушување. Повикот на почетокот бил нормален, рече тој, но кога јавувачот почнал да поставува поостри прашања, кои вообичаено не би ги поставувал, Валас се посомневал и ја прекинал врската“, вели Хепи.
Да потсетиме, британското Министерство за одбрана објави дека руските сили постигнале минимален напредок оваа недела.
„Украинските сили продолжуваат да ги одбиваат нападите на руските сили, кои постигнаа минимален напредок оваа недела“, соопшти Министерството, пренесоа медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украина и Русија ја спроведоа третата размена на затвореници оваа недела

Украина и Русија спроведоа уште една размена на затвореници, трета оваа недела, потврдија денес двете страни.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неколку „сериозно ранети и сериозно болни војници“ се вратиле дома. „На сите им е потребен третман и дефинитивно ќе им биде пружена потребната помош“, напиша Зеленски на Телеграм.
Руското Министерство за одбрана, исто така, ја потврди размената, која следува по договорот постигнат во Истанбул претходно овој месец.
Според штабот на украинските воени заробеници, некои од вратените војници биле држени повеќе од три години откако пружиле отпор во југоисточниот пристанишен град Мариупол. Останатите биле помлади од 25 години или се водат како исчезнати.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека предавањето се случило на белоруско-украинската граница и дека ослободените руски војници биле транспортирани во Русија.
Размената беше договорена за време на директните разговори меѓу Киев и Москва во Истанбул на 2 јуни, каде што секоја страна се согласила да ослободи 1.200 затвореници.
Тоа беше единственото конкретно поместување во мировните преговори. Украина се спротивставува на целосна руска инвазија повеќе од три години.
Европа
(Видео) Путин зборуваше за бесмртноста на Денот на Русија

На Денот на Русија, кој се слави денес, рускиот претседател Владимир Путин одржа средба со учесниците на програмата „Време на херои“ во Кремљ, каде што упати порака за бесмртноста на рускиот народ и државноста. Говорот, кој го пренесе руската државна агенција ТАСС и е објавен на Икс, привлече големо внимание поради толкувањето на Путин за националниот идентитет и историската улога на Русија.
За време на средбата, Путин ги сподели своите мисли што претходно ги имал со рускиот писател и идеолог Александар Проханов.
„Ми кажа една многу интересна работа што би сакал да ја споделам со вас. Тој рече: ‘Дали знаете која е главната идеја на денешниот ден за Русија? Бесмртност’. И можеби ова се однесува не само на денешницата, туку и на Русија воопшто. Бесмртноста на рускиот народ и Русија, нашиот мултиетнички народ и нашата илјадагодишна државност“, истакна Путин.
Putin told 'SMO heroes' that the power of the Russian people lies in immortality and that this immortality is expressed in Russia's victories.
The 1 million Russian losses reached today will be happy to know that. pic.twitter.com/0lw44u9TfH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 12, 2025
Путин нагласи дека бесмртноста на Русија и нејзиниот народ се манифестира преку победите што земјата ги постигнува и покрај тешките искушенија низ историјата.
„Нашата земја од време на време поминува низ многу тешки искушенија. А бесмртноста се изразува во победите на нашата земја“, рече тој. Путин особено го истакна придонесот на учесниците во специјалната воена операција во Украина, наведувајќи дека токму тие и нивните другари на фронтовската линија ја градат иднината на Русија.
Програмата „Време на херои“, насочена кон поддршка и интеграција на учесниците во „специјалната воена операција“ во граѓанското општество, според Путин, ја симболизира поврзаноста на иднината на Русија со херојството и жртвата на нејзините бранители. Путин ги повика собраните да се сетат на „оние кои сега се на фронтовската линија“ и го предложи традиционалниот воен извик „ура“ во нивна чест.
Александар Проханов, со кого Путин разговараше за бесмртноста, е познат како еден од главните идеолози на рускиот национален патриотизам и поборник на концептот на „петта империја“ што би ги обединила сите епохи од руската историја.
Европа
(Видео) Германија се уште одбива да и испорача ракети со долг дострел „Таурус“ на Украина

Германија во моментов не разгледува испорака на ракети „Таурус“ со долг дострел, кои се способни да погодат цели на растојание до 500 километри, на Украина, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на брифингот со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Писториус беше прашан дали Германија размислува за испраќање ракети „Таурус“ во Украина. „Ме прашавте дали го разгледуваме тоа, а мојот одговор е – не“, рече германскиот министер за одбрана.
❗️No Taurus missiles for Ukraine:
Q: "Given the intensification of shelling of all Ukrainian cities, and Kyiv in particular, over the past week, are you considering supplying Taurus missiles to us?"
German Defence Minister Pistorius: "In response to your question about whether… https://t.co/6XIC2BA35c pic.twitter.com/hjlAUMqXCE
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 12, 2025
Украина веќе добива ракети со долг дострел од Франција, Обединетото Кралство и САД. Сепак, Германија досега останува воздржана во врска со ваквите испораки.
Иако канцеларот Фридрих Мерц јавно го поддржа испраќањето ракети „Таурус“ во Украина, сè уште не се случиле такви испораки.
Кон крајот на минатиот месец, на 27 мај, германскиот таблоид „Билд“, повикувајќи се на владини извори, објави дека сè уште не е донесена одлука за испорака на ракети „Таурус“ на Украина.
Во исто време, украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата со Мерц, изјави дека сè уште се работи на можен трансфер на германски ракети, но тој и канцеларот се согласија да не разговараат јавно за оваа тема.