Свет
Британски весници: Путин во војна испрати дебел генерал, кој јаде по пет пати на ден и пие литар вотка
Британските таблоиди пишуваат дека дебел пензиониран руски генерал бил испратен на бојното поле во источна Украина, бидејќи на рускиот претседател Владимир Путин му снемало високи офицери за војната.
Како што пишуваат, за пензионираниот генерал Павел, кој е на 67-годишна возраст и со околу 130 килограми, сега наводно е на чело на руските специјални сили кои дејствуваат во источна Украина, откако поранешниот командант на единицата беше тешко повреден во напад.
Павел наводно е ветеран од озлогласената руска војна во Авганистан.
„ Путин сега копа од дното на бурето. Повеќето од неговите најдобри високи команданти се убиени или повредени во борбите во Украина, па тој прибегнува кон испраќање офицери од втор ред на фронтот, кои потоа не издржуваат многу долго таму“, изјави висок разузнавачки извор за „Дејли Стар“.
Тој додава дека Путин сега ги повлекува генералите од пензија и дека Павел е еден од нив.
„ Путин е како мафијашки бос на кој никој не треба да одбие да му се покорува. Ако пензиониран генерал добие порака од Путин дека и е потребен на мајка Русија на бојното поле во Украина, тој не може да направи многу“, рече тој.
Павел бил војник повеќе од 40 години и станал командант на руските специјални сили, но тоа било пред 25 години, кога бил помлад и во форма, тврдат Британците. Се верува дека служел во Сирија непосредно пред да се повлече од активна служба пред пет години.
До неодамна живеел во предградијата на Москва, но се претпоставува дека минатиот месец му било наредено да се врати на активна служба. За него велат дека бил толку дебел што морало да му се направи специјална униформа и дека јадел пет оброци на ден и пие барем литар вотка.
Се верува дека Русија има до 10 генерали во војната во Украина и околу 30 високи офицери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.