Свет
Бројот на заболени од коронавирус во светот надмина 2 милиона, САД и натаму на врвот
Бројот на заразени со коронавирус во светот надмина два милиона, покажуваат последните податоци од порталот „Ворлдометерс“.
Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон на својот портал посветен на коронавирусот наведува дека досега со вирусот Ковид-19 заразени се нешто помалку од два милиона луѓе – 1.982.552.
Сепак, според последните податоци на Светската здравствена организација, во светот има 1.848.439 потврдени случаи.
„Ворлдометерс“ наведува дека со вирусот се заразени 2.000.728 лица, починале 126.776, а излекувани се 484.747.
Најмногу заразени има во САД – 614.246, а во оваа земја од коронавирус починале 26.064 луѓе.
Шпанија пријави 174.060 случаи на коронавирус, како и 18.255 смртни случаи.
Во Италија, пак, од коронавирус починале 21.067 лица, а заразени се вкупно 162.488.
Франција има 143.303 заразени, а починати 15.729 луѓе. Германија пријавила 132.210 случаи и 3.495 починати. Во Велика Британија има 93.873 заразени лица, а починати 12.107.
Во Кина, каде што вирусот се појави кон крајот на минатата година, заразени се 82.295 лица, починале 3.342, а во оваа земја во последните 24 часа, според податоците на „Ворлдометерс“, пријавени се 46 новозаразени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

