Свет
Бројот на починати во Италија од ковид-19 го надмина бројот на починати во Кина
Бројот на починати од коронавирус во Италија го надмина вкупниот број на починати во Кина.
Вкупниот број на починати во Кина е 3.245, додека во Италија со денешниот ден е 3.405.
Само во последните 24 часа во Италија починале 427 лица, а бројот на новозаразени е 5.322.
Вкупниот број на заразени во Италија, со починати и излекувани, надмина 41.000.
Излекувани се 4.400 лица, а во критична состојба се 2.498.
Истражување на здравствените власти покажа дека повеќе од 99 отсто од починатите од ковид-19 во Италија се луѓе кои веќе имале друга болест.Стапката на смртност од вирусот во оваа земја е осум отсто. Просечната возраст на починатите 79,5 години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Десетици дојави за бомби во училиштата во Бугарија
Десетици пријави за подметнати експлозивни направи се пристигнати на електронската пошта на училиштата во повеќе градови во Бугарија.
Од бугарското МВР објаснуваат дека се вршат проверки.
Има извештаи за образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна и Софија, пишува БНР.бг.
Во Софија има над 20 училишта кои добиле известувања по е-пошта за подметнати експлозивни направи. Во сите згради на воспитно-образовните институции во овој момент се вршат контроли.
Свет
(Видео) Снег падна во Њу Орлеанс прв пат по 15 години
Снежна бура го зафати Мексиканскиот залив и собори рекорд стар повеќе од еден век на снежни врнежи во регион каде белите снегулки се ретки. На северот и на истокот на земјата, пак, сè уште преовладува поларен студ.
Предупредување за снежна бура е на сила за 31 милион луѓе, од Јужен Тексас преку Џорџија до Вирџинија, соопшти Националната метеоролошка служба.
This is just wonderful. Music and snow in New Orleans. Heaven!pic.twitter.com/1x08aDrepI
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) January 21, 2025
Училиштата во Хјустон, четвртиот по големина град во САД, беа затворени во вторник и среда бидејќи се очекуваше да наврнат околу 10 сантиметри снег.
„Цел живот живеам во Тексас и никогаш не сум видел толкав снег“, вели Ишан Бајдани (29), сопственик на консултантска фирма во Хјустон. „Обично станува постудено, но овој фин снег, ова е прв пат“.
I’m still in disbelief this happened. Here it is. Timelapse of historic New Orleans snow storm. Snow got up to 12 inches on my snowboard in the French Quarter. pic.twitter.com/M9byQeZJGL
— Payton Malone WWL-TV (@paytonmalonewx) January 22, 2025
Властите во Хјустон истражуваат два смртни случаи кои можеби се поврзани со временските услови.
Снег паѓаше и во Њу Орлеанс, каде што се акумулираа речиси 25 сантиметри до вторник попладне по локално време, според Националната метеоролошка служба.
Во Њу Орлеанс немало снег веќе 15 години.
„Останете дома и држете се надвор од патиштата“, рече градоначалникот на Њу Орлеанс ЛаТоја Кантрел во видео порака до жителите преку социјалните мрежи.
Соборувајќи го рекордот стар 144 години, повеќе од 15 сантиметри снег падна во Мобил, Алабама.
Покрај патниот сообраќај, невремето го наруши и авиосообраќајот, па летовите беа одложени или откажани во вторник. Според Flightaware.com, повеќе од 1.000 летови кои поаѓаат или летаат до интерконтиненталниот аеродром „Џорџ Буш“ во Хјустон се откажани.
Температурите паднаа многу под нулата низ целиот регион, што ги натера синоптичарите и локалните власти да ги повикаат жителите да се заштитат од смрзнатини и да преземат чекори за да спречат пукање на водоводните цевки.
Свет
Во Франција запленети тони „мед афродизијак“: „Клиентите не се свесни за опасноста“
Царините во Франција ги предупредија граѓаните да не го консумираат таканаречениот афродизијачки мед, незаконски увезен и измешан со лекови за лекување на еректилна дисфункција, јавува Си-Ен-Ен.
Предупредувањето беше издадено завчера откако царинските службеници пријавија рекордни заплени во текот на 2024 година и воопшто во последните години.
Еден од инцидентите вклучуваше откривање на 860.000 производи со вкупна тежина од 13 метрички тони, откриени во пристаништето Марсеј во пратка од Малезија во ноември. Во друга истрага, повеќе од 238 килограми од производот се запленети во складиште.
Еректилната дисфункција е состојба дефинирана како неможност да се постигне или одржи ерекција доволно долго за сексуален однос. Може да се лекува со лекови, но нивната употреба е ограничена во земји како Франција, каде што лекарите мора да ги препишат.
„Клиентите не се свесни за опасноста“
Според царините, фалсификуваните медни производи најчесто доаѓаат од Малезија, Турција и Тунис, во големи количини на контејнерски бродови или во помали количини купени преку Интернет. Производите со имиња како Black Horse и Bio Max се продаваат нелегално на места како ноќни клубови и во форма на пијалоци и слатки, со лажни ветувања за здравствени придобивки.
„Купувачите и корисниците не се свесни или ја потценуваат потенцијалната опасност од овие производи“, велат царинските службеници.
Лабораториските анализи открија активни состојки во медот како што се силденафил и тадалафил, кои се користат за лекување на еректилна дисфункција. Не е наведено колку од активната состојка содржи секоја доза, ниту пак се спомнуваат можни несакани ефекти или контраиндикации, предупредија официјалните лица.
„Потрошувачите се изложени на значителни ризици“, се вели во соопштението.
Еректилната дисфункција се јавува почесто кај постарите мажи и често се припишува на ниските нивоа на тестостерон, примарниот полов хормон кој е клучен за развојот на машките репродуктивни ткива, мускулниот раст, коскената маса и влакната на телото. Сепак, лековите за еректилна дисфункција може да се користат и за да се спротивстават на ефектите на супстанции како што се алкохолот, никотинот и марихуаната, за кои е откриено дека негативно влијаат на сексуалната функција.