Свет
Буданов: Русија планира целосно да го окупира регионот Донецк во 2026 година, но тоа е нереално
Шефот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР) Кирило Буданов денес изјави дека Русија планира целосно да го „окупира“ регионот Донецк во пролетта 2026 година, истакнувајќи дека верува оти спроведувањето на овој план е нереално.
„Русите си поставија цел за целосна окупација на регионот Донецк, тие сакаат да го направат ова за да не откријат, како што велат, државна тајна во пролетта 2026 година. Ова е нереално“, нагласи Буданов, пренесува Укринформ.
Според него, на југ, Русија се обидува да се приближи до Запорожје и да започне со артилерија и „терористички беспилотни летала“ за да ја принуди воената команда да го напушти левиот брег, а цивилите да го напуштат градот.
„Ова е истата тактика што беше користена во Покровск. Таму го направија истото. Сепак, малку е поинаку во Запорожје. Колку и да известуваат медиумите сега, и ова мислење се шири колку што е можно повеќе, дека непријателот речиси се приближил таму, тоа не е вистина.
И одбранбената ситуација таму е многу подобра отколку, за жал, на исток“, рече Буданов. Коментирајќи ги борбите во градот Покровск и резултатите од операцијата за слетување на украинските единици, Буданов оцени дека ситуацијата е „тешка“. „Ситуацијата во Покровск и неговата околина е исклучително тешка. Но, во исто време, некако сè уште се држиме“, рече Буданов.
Според него, една од клучните операции беше слетувањето на војници од хеликоптери со цел да се отвори коридор за други единици.
Шефот на ГУР ја нагласи важноста на операцијата за одбраната на Покровск. „Успеавме да добиеме драгоцено време за главните единици на вооружените сили да можат да пристапат кон градот за засилување што е можно помирно“, објасни Буданов.
Тој го истакна пропагандното значење на Покровск за Русија. „Овој (Покровск) е клучен елемент на нивната пропаганда и клучен елемент во воената област, на што сега нагласуваат, пренесува Танјуг.
И тие ќе го сторат тоа. Заземањето на градот ќе биде голема победа за нив ако се случи“, нагласи Буданов.
Фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

