Европа
Вандаpлизирана статуата „Малата сирена“ во Копенхаген, руско знаме исцртано на пиедесталот

Непознат сторител нацртал руско знаме на камен на кој стои статуа посветена на бајката на Ханс Кристијан Андерсен во пристаништето во Копенхаген.
Данската полиција објави дека отворила истрага за сквернавењето на споменикот, со кој сторителот очигледно сакал да ја поддржи Русија за време на нејзината инвазија на Украина.
Неколку вчудовидени туристи ја снимаа вандализираната скулптура во четвртокот наутро.
Бронзената статуа е поставена во 1913 година на релативно изолирано шеталиште и е редовна цел на разни протестни акции.
Така, во 1964 година, „Малата сирена“ ја изгубила главата првпат и нејзината оригинална глава не била пронајдена.
Во 1998 година вандалите повторно ја обезглавија сирената, а во 2003 година беше цел на експлозија, пишуваат медиумите.
Сирената била обоена од вандали во разни бои за да го изразат своето несогласување, на пример, со ловот на китови, а во 2020 година на скулптурата се појавил мистериозниот натпис „Расистичка риба“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Невролозите објаснуваат зошто Путин секогаш оди со вкочанета десна рака

Многумина забележале дека рускиот претседател Владимир Путин има многу необичен начин на одење – додека неговата лева рака слободно се ниша, десната останува речиси неподвижна. И додека некои го припишуваат ова на карактеристиките на личноста или здравјето, експертите веруваат дека причината лежи на друго место.
Според експертската теорија, движењето на Путин има корени во неговото минато – особено во обуката што ја поминал како агент на поранешната советска КГБ.
Професорот по неврологија, Бастијан Блум, и неговите колеги од Медицинскиот центар при Универзитетот „Радбауд“ во Холандија детаљно го анализираа одењето на Путин и го објавија своето истражување во 2015 година во онлајн-изданието на Британскиот медицински журнал.
„На неколку последователни снимки забележавме дека претседателот на Русија покажува јасно намалено замавнување на десната рака додека оди“, напишаа тие. Во потрагата по можни објаснувања наишле на прирачник на КГБ, во кој пишувало дека оперативците биле обучени да го држат оружјето во десната рака како стандардна положба додека се движат за да може бргу да реагираат во случај на опасност.
„Сметаме дека оваа шема на одење, која ја нарекуваме од на револвераш, може да биде последица на однесување стекнато за време на обуката за оружје“, заклучија тие.
Путин не е единствениот висок руски функционер со ова карактеристично одење. Слична шема беше забележана и кај поранешниот премиер Дмитриј Медведев, поранешниот министер за одбрана Анатолиј Сердјуков, високиот функционер Сергеј Иванов и кај поранешниот генерал Анатолиј Сидоров.
„Овој феномен е силно поврзан со воена или разузнавачка обука, каде што безбедноста и брзата реакција имаат предност пред дури и навидум незабележливите гестови“, додаваат професорите по неврологија.
Европа
Руси: Украинците бараа чеченски борци од специјалните сили во Курск

Украинската армија, која го нападна регион Курск, конкретно бараше борци на чеченските специјални сили Ахмат, изјави жител на селото Казачја Локња, пренесува „РИА новости“.
Според жената, украинската војска признала дека речиси 50.000 луѓе влегле во регионот Курск на првиот ден од инвазијата. Главната цел, како што тврди, била да се најдат борци од единицата Ахмат, а не само припадници на руската армија, пренесува „РИА новости“.
За потсетување, масивната офанзива на украинските вооружени сили во областа Курск почна на 6 август 2024 година. Украинските сили зазедоа приближно 1.250 квадратни километри територија во областа Курск за време на почетната фаза на офанзивата во август 2024 година, која вклучуваше контрола над 92 населени места, вклучувајќи го и најголемиот заземен град Суџа.
Сепак, руската контраофанзива од ноември 2024 година постепено ја намали украинската контрола на помалку од 500 квадратни километри до март 2025 година, а поголемиот дел од територијата беше вратен под руска контрола.
Европа
Трамп ја одби понудата на ЕУ: „Не, тоа не е доволно“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од 350 милијарди долари ако сака да ги избегне широките царини наметнати од неговата администрација.
Така тој ја отфрли понудата на Брисел за укинување на царините за автомобили и индустриски стоки.
Вчера вечерта, на прес-конференција во Белата куќа, Трамп реагираше на изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која претходно истиот ден рече дека ЕУ е подготвена да ги укине сите царини за увоз на автомобили и индустриски производи од САД, доколку Вашингтон го стори истото.
Запрашан од новинарите дали смета дека таа понуда е доволна за да се намалат тарифите, Трамп рече: „Не, не е“.
„Имаме дефицит од 350 милијарди долари со Европската унија и тој брзо ќе исчезне“, рече Трамп. „Еден начин тоа брзо и едноставно да исчезне е тие да мораат да ја купуваат нашата енергија… ако ја купат, можеме да ги извадиме тие 350 милијарди за една недела. Тие мора да купат и да се обврзат да купат еднаква вредност на енергија“.
Фон дер Лајен ја даде понудата откако Трамп минатата недела воведе царини од 20 отсто за производите на ЕУ, како и најмалку 10 отсто за стоки од други трговски партнери. Како одговор, глобалните пазари загубија трилиони долари, а европските берзи во понеделникот го забележаа својот најголем еднодневен пад од почетокот на пандемијата со „Ковид-19“.