Свет
Ватикан: Папата Франциско има инфекција на белите дробови, но е во добра и стабилна состојба

Папата Франциско боледува од инфекција на белите дробови, но е во добра и стабилна состојба и прима интравенска антибиотска терапија, пренесува „Ројтерс“.
„Поглаварот на Римокатоличката црква ќе ги ограничи своите активности во следните неколку дена за да ја зачува својата сила“, соопшти Ватикан.
„Состојбата на папата е добра и стабилна, тој нема температура и неговата респираторна состојба, дефинитивно, се подобрува“, рече портпаролот Матео Бруни во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
ЕУ подготвува контранапад од 21 милијарда евра – царини до 50 проценти за одредени американски производи

Земјите-членки на ЕУ одобрија пакет контрамерки во вредност од 21 милијарда евра, што вклучува царини до 50 проценти за одредени американски производи. На листата се наоѓале пченица, мотоцикли и облека, пишува „Телеграф“.
Се подготвува проширен пакет мерки во вредност од 95 милијарди евра, за кој Европската комисија и земјите-членки сè уште дебатираат. Построгите мерки вклучуваат царински давачки за авионите на Боинг, автомобилите и бурбон вискито.
Во слични случаи, Брисел досега се фокусираше на производи што имаат симболична тежина во САД и што би можеле да предизвикаат емоционална реакција кај Американците чии работни места зависат од нивното производство.
Регион
Хрват загина во Украина: „Тој го користеше сопственото тело за да ги заштити своите другари во последните моменти“

Тони Херцег, Хрват од Босна и Херцеговина и офицер на француската армија, загина на 6 мај во Луганск, Украина. Дипломатски извори за РТЛ неофицијално потврдија дека Тони имал и хрватско државјанство, пишува „Индекс.хр“.
Се наведува дека Херцег се истакнал како офицер во мировните мисии ширум светот, а неговите соборци сведочат дека во последните моменти со своето тело ги заштитил припадниците на единицата со која командувал и ги спасил ранетите од непосредна смрт.
Херцег е внук на поранешниот премиер на Херцеговско-неретванската жупанија, Невенко Херцег, пишува „Херцеговина.инфо“. Потекнувал од херцеговско семејство кое било населено во Лион, Франција од воените години во Босна и Херцеговина, а бил професионален војник во француската армија. Не е прецизирано дали станува збор за Легијата на странците, но се знае дека после тоа се приклучил на 3-та ударна бригада на украинската армија, пишува тој портал.
Ќе биде погребан во Загреб.
Третата посебна јуришна бригада на вооружените сили на Украина беше формирана во 2022 година како дел од пошироката реорганизација на волонтерски единици во редовната армија. Бригадата стана позната по својата улога во најинтензивните битки – од Бахмут и Авдијивка до регионот Луганск. Нејзините членови се обучени за урбана борба, чистење ровови и брзо маневрирање на линијата на фронтот.
Иако формално е под команда на украинската армија, бригадата наследи дел од структурата и персоналот на баталјонот Азов, кој стана дел од Националната гарда. На чело на бригадата е Андриј Билецки, поранешен командант на Азов.
Свет
Фајненшл Тајмс: Ако трговските преговори се како тениски меч, Трамп штотуку ја префрли топката на теренот на Европа

Ако трговските преговори се како тениски меч, Трамп штотуку ја префрли топката на теренот на Европа. Европската унија сега мора да одлучи дали ќе возврати со контрамерки или ќе попушти пред американските барања за отстапки, пишува Фајненшл тајмс и додава:
Земјите-членки веќе одобрија пакет контрамерки во вредност од 21 милијарда евра, кои вклучуваат царини до 50 отсто за производи како пченка, пченица, мотоцикли и облека – мерки кои треба да стапат на сила на 14 јули, но може брзо да се активираат доколку е потребно.
Во исто време, Европската комисија размислува за поширок пакет мерки во вредност од 95 милијарди евра, кој би вклучувал авиони Боинг, автомобили и бурбон виски.