Свет
Венс жестоко им одговори на украинските демонстранти кои го провоцираат пред ќерка му
Проукраинските демонстранти го следеа потпретседателот на Соединетите Американски Држави Џ.Д. Венс и неговата тригодишна ќерка додека тие шетале. Демонстрантите, како што изјави Венс, цело време извикувале „Слава на Украина“.
Како што напиша Џеј Ди Венс на социјалната мрежа „Х“, неговата ќерка се исплашила, па решил да разговара со демонстрантите.
„Денеска додека ја шетав мојата тригодишна ќерка, група демонстранти кои извикуваа „Слава на Украина“ нѐ следеа и извикуваа додека ќерка ми се повеќе се загрижуваше и се плашеше. Решив да разговарам со демонстрантите со надеж дека за неколку минути разговор ќе ги убедам да го остават моето дете на мира. (Речиси сите се согласија.) Тоа беше претежно разговор со почит, но ако бркате тригодишно дете како дел од политички протест, тогаш сте го*но од човек“, напиша тој.
Today while walking my 3 year old daughter a group of “Slava Ukraini” protesters followed us around and shouted as my daughter grew increasingly anxious and scared.
I decided to speak with the protesters in the hopes that I could trade a few minutes of conversation for them…
— JD Vance (@JDVance) March 8, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Најмалку десет луѓе загинаа во автобуска несреќа во Мексико
Најмалку 10 лица загинаа, а 20 се повредени во синоќешната автобуска несреќа што се случи во западната мексиканска држава Мичоакан.
Несреќата, чија причина сè уште е непозната, се случила на патот помеѓу главниот град на државата Морелија и селото Пацкуаро. Спасувачките операции и медицинската помош се на местото на несреќата.
Сообраќајните несреќи во Мексико изминатите години бележат пораст, а главни причини се пребрзото возење и лошото одржување на возилата. Во септември, цистерна што превезувала речиси 50.000 литри бензин експлодираше под надвозник на автопат во главниот град Мексико, при што загинаа десетици луѓе.
Регион
Еден загинат во поплавите во Албанија по обилните дождови
Најмалку едно лице загина во Албанија во поплавите предизвикани од обилните дождови што паѓаат во изминатите неколку дена, соопшти денес албанската полиција.
Полицијата објави дека тело на жена (76) е пронајдено откако нивото на водата се повлекло во поплавената југоисточна општина Девол.
Поплавите предизвикаа најголема штета во руралните региони на југот на Албанија, а во селото Душар 30 семејства беа отсечени, бидејќи патиштата беа непроодни поради поплавите.
Свет
Италијанскиот министер: Американскиот план за Украина содржи услови што никогаш не би можеле да бидат прифатени
Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Крозето изјави дека американскиот мировен план од 28 точки за Украина е премногу оштар и дека содржи елементи кои никогаш не можат да бидат прифатени. Во објава на мрежата Икс тој наведе дека е важно тоа што и Русија и Украина разговараат за планот, но дека предлогот претставува тешка понуда за Киев.
Крозето додаде дека документот може да послужи како почетна точка за преговори и за обновување на дијалогот. Според него, целта е итно запирање на конфликтот.
Украинскиот претседател претходно предупреди дека се соочува со тежок избор, а европските лидери изразија загриженост дека предложените ограничувања би ја оставиле Украина ранлива на идни напади.

